Filters
Пребарување
КО-ПРО ТЕКС

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата КО-ПРО ТЕКС се занимава со производство на:

- T-shirt и поло маици
- Женска облека

- Работна облека

Голема палета на бои, печатење на текстил со дигитален и сито печат

Печатетење на канцелариски материјали, брендирање на промотивни подароци

Брендирање на излози

Подетално за компанијата

КО-ПРО ТЕКС

КО-ПРО ТЕКС од Кочани е текстилна компанија која се занимава со производство на облека. Наша специјалност е производството на T-shirt и поло маици, дуксери и друга трикотажа, за што сме опремени со најсовремени машини и ги изработуваме со врвен квалитет, во широка палета на бои и димензии. Покрај редовното производсвто изработуваме трикотажа и по нарачка, според модел, бои и димензии од нарачателот. Новина во работењето на КО-ПРО ТЕКС е и производството на женска облека и трикотажа, сегмент во кој, пред се, настапуваме за познати купувачи.

ko-pro-teks-clubeconomy

РАБОТНИ УНИФОРМИ

Компанијата КО-ПРО ТЕКС, која на пазарот е присутна од 2003 година, е позната и по производството на работни униформи и одела, кои ги изработуваме за најразлични дејности, од трговија, угостителство, градежништво, сите индустриски сектори, за продавачи на нафтени деривати, земјоделство и сите услужни дејности. Располагаме со модели за сите годишни времиња, со широк спектар на бои и големини. За да ја заокружиме понудата во овој сегмент на клиентите им нудиме и заштитни чевли, кои клиентите можат да ги купат директно кај нас, на големо и на мали или да им ги испорачаме преку карго службите низ целата територија на Македонија.

ko-pro-teks-clubeconomy

ДИГИТАЛЕН И СИТО ПЕЧАТ

КО-ПРО ТЕКС располага и современа опрема за печатење на текстил и тоа со дигитален и сито печат, со што ја комплетираме понудата на T-shirt и поло маиците, дуксерите и на работните униформи и одела, како за компаниите на кои можеме да им ги испорачаме целосно брендирани, така и на индивидуалните лица на кои можеме да им испечатиме маици и дуксери според нивните желби и крации. Воедно даваме услуги во печатење на текстил и за производи кои не се кај нас шиени.

ko-pro-teks-clubeconomy

Канцелариски материјали и промотивни подароци

КО-ПРО ТЕКС покрај со дигиталното печатење на текстил, се занимава и со печатење на канцелариски материјали со соодветното лого и други информации за компаниите, потоа со печатење и продажба на брендирани рекламни подароци, како: пенкала, запалки, капи, маици, освежувачи на воздух... Компанијата се занимава и со брендирање на излози, а за да бидеме поблиску до поголем број потрошувачи на кои им се потребни нашите производи и услуги, отворивме сопствена продавница во Кочани во која ја нудиме целата наша производна и услужна програма.

ko-pro-teks-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Стефка Тасева бр. 17, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)71/215 892

Социјални медиуми

Лице за контакт

Бојан Гичев