Подетално за компанијата
Од своето основање во 1993 година, Проектантското инженеринг биро ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ изработи серија значајни објекти во рамките на својата основна дејност - архитектонско проектирање и градежништво.
ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ изработува целосни решенија за градежни објекти, со стриктно придржување кон дефинираните светски стандарди и зададените рокови.
Почнувајќи од понуда на архитектонското решение со користење на најнови AutoCAD и statics-calculation софтвери, компјутерска визуелизација во 3D, па се до целосна реализација на проектот и стручен надзор од страна на тим инженери кои ги покриваат сите области на инженерингот и проектирањето, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ идејата за давање комплетната и професионална услуга ја прави реалноста.
Ние обезбедуваме изградба, консултантски услуги, урбанистичко планирање, истражување и развој, проектирање, склучување договори и надзор на градежни проекти, како и дизајн и склучување договори за изградба на системи за третман на отпадни води.
Од 2008 година, ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ е претставник на германските компании, GRAF и UTP, кои се водечки во доменот на третман и управување со отпадни води.
ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ е ISO 9001 : 2008 сертифицирана компанија.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Борис Кидрич бр. 12/16, 7000 Битола
Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36-2/7, 1000 Скопје
Град: Битола
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт