Filters
Пребарување
ИВА - МОНТ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ИВА - МОНТ се занимава со:

- Сервисирање и одржување на парни и топловодни котли
- Репарација на котли и садови под притисок
- Хемиско чистење на парни и топловодни котли од водена и димна страна
- Репарација на индустриски вентили
- Производство на цевни спирали за котли за брзо производство на пареа
- Производство на топловодни електрични котли СТАНДАРД и МОНОБЛОК
- Производство на топловодни котли на струја, нафта и дрва
- Производство на вградливи камини 
- Горилник за пелети со керамичка запалка
- Иноксни изолирани и неизолирани оџаци

ИВА - МОНТ е застапник за Македонија и Косово за котел на дрва (со и без електроника) и котел на пелети

Подетално за компанијата

ИВА – МОНТ доо - Скопје е семејна компанија основана во 1992 година. Во своето 23-годишно постоење успешно работи и опстојува во областа на енергетиката во Македонија и регионот. Своето успешно работење и конкурентноста на пазарот го гради преку секојдневно следење на потребите и трендовите на пазарот, со цел работите квалитетно да бидат завршени и и максимално да се задоволат потребите на клиентите.

iva-mont-clubeconomy iva-mont-clubeconomy iva-mont-clubeconomy

Компанијата го има имплементирано системот за управување со квалитетот за што го поседуваме сертификатот ISO 9001:2008 и располагаме со квалитетен и стручен тим, составен од атестирани заварувачи, бравари, машински инжињери, инжињер технолог со овластување „Б“ за надзор и изведба на проекти од технологија металургија. Имаме и хемиски техничар, како и магистер по економија.

iva-mont-clubeconomy iva-mont-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Божин Николов бр. 36, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Ивана Котеска, управител


Мапа

Документи