Filters
Пребарување
МАТЕЛЕН ЛТД дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МАТЕЛЕН ЛТД се занимава со дизјнирање, производство и изведба на ентериери и екстериери од дрво

- Скали
- Прозорци
- Врати
- Подови

МАТЕЛЕН ЛТД дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Компанијата МАТЕЛЕН ЛТД, која ја застапува компанија interSCALA, на македонскиот пазар го нуди целиот асортиман на есклузивни подови, скалила, врати и прозорци од оваа грчка компанија, заедно со нивна целосна монтажа и изведба.

Компанија interSCALA има 58+ години искуство, присустна е на 19 меѓународни пазари, има над 18.000 завршени проекти и продолжува динамично и креативно кон новите предизвици што ни ги нуди иднината. Од 1964 година оваа компанија е активни во градежната индустрија со производство на ентериерни и екстериерни елементи од дрво, метал и стакло. Нивната активност започна со производство на внатрешните дрвени скалила, од 1989 година почнаваат со производството на дрвени прозорци со германски квалитет, а потоа и производство на дрвен под. Нивната цел е да ја задржат водечката позиција што ја имаат, нудејќи производи кои ги задоволуваат високите барања на клиентите.

Денес interSCALA има водечка позиција во својата област, а нејзиниот спектакуларен подем е резултат на строго контролираното производство, во однос на спецификациите на суровините, начинот на производство и изгледот, како и најсовремените CNC машини.

matelen-clubeconomy

СКАЛИ

interSCALA е безвременска вредност во дизајнот, изградбата и монтажата на внатрешни скали, изработени од дрво, метал и стакло. Со иновативни идеи, модерен дизајн и бескрајна креативност, буквално сме предводници на случувањата во оваа област.

matelen-clubeconomy
matelen-clubeconomy

ДРВЕНИ ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЗОРЦИ И БАЛКОНСКИ ВРАТИ

InterSCALA VELKO произведува термоизолациски дрвени прозорци и дрвени врати (внатрешни и надворешни), во традиционален и модерни дизајни со германска технологија. Строгото придржување до спецификациите, високата технологија и редовната контрола на квалитетот им даваат на InterSCALA VELKO прозорците функционалност, доверливост, одлична издржливост и висока естетика.

ПОДОВИ

InterSCALA произведува подови од цврсто дрво, но исто така, продава инженерски подови, кои можат да ги задоволат сите барања. Сите видови подови кои се дел од нашата палета се подложени на темелни контроли на квалитетот.

InterSCALA произведува и дистрибуира подови од полирано цврсто дрво и дрвен ламинат за внатрешни подови, како и подови од цврсто дрво за отворено.

Бидејќи еден од нашите основни теми е дизајнот, производството и монтажата на врвни скали по нарачка, голем дел од нашите нарачки за подови вклучуваат усогласување на нијансите на подот со нијансите на скалите. Имаме можност да ги изработиме вашите скали и дрвениот под, цврст или ламиниран, со истата техника и истата боја во лак или масло.

За ентериери најмногу го препорачуваме европски даб и може да го испорачаме како под од цврсто дрво или ламиниран под со цврст даб од 4 мм на површината.

Во зависност од стилот што го одбрал купувачот дрвото се сече така што дава изедначена, широка или мешана слика, со или без поголеми или помали розети.

За екстериери основното дрво што го препорачуваме е термовуд. Термодрвото е резултат на термичка обработка која се одвива во 3 фази со високотемпературно сушење со топлина и пареа и потоа со ладење и навлажнување (термички модифицирано дрво). На овој начин се зголемува неговата стабилност на влага и се подобрат неговите термоизолациски својства.

matelen-clubeconomy
ИНОВАЦИИ - КВАЛИТЕТ - ТЕХНОЛОГИИ
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Индустриска бр.30К, 1480 Гевгелија
Град: Гевгелија
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Златко Илиев


Мапа