Со долгогодишна традиција во угостителството и препознатлива гостопримливост, Хотел Слив претставува идеално место за престој, деловни средби, семејни собири и организирање на различни видови настани во текот на целата година.
Хотелот располага со комфорно сместување, модерно уредени соби и пријатна атмосфера која им овозможува на гостите целосен одмор и релаксација.
Покрај сместувачките капацитети, Хотел Слив располага и со ресторан кој нуди внимателно подготвени специјалитети, пријатен амбиент и професионална услуга.





