Filters
Пребарување
ХОТЕЛ БРАНА ГРАДЧЕ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Сместен на брегот на прекрасното езеро Градче, ХОТЕЛ ГРАДЧЕ Ви нуди мир и спокој во природа.

Без разлика дали сте за планинарење, велосипедизам, пешачење, уживање во уникатни пејсажи или кајакарење по нашето езеро, ќе бидете воодушевени.

Време е за релаксација! 

ХОТЕЛ БРАНА ГРАДЧЕ

Подетално за компанијата

ХОТЕЛ ГРАДЧЕ

БИЗНИС ПОНУДА

Подетално за компанијата

Сместен на брегот на прекрасното езеро Градче, Хотел Градче Ви нуди мир и спокој во природа која е несекојдневна за Македонија. Дишете свеж воздух, уживајте во мирот на околината, цвркотот на птиците кои само кај нас може да ги најдете и нурнете се во пријатното и освежително искуство, опкружени со убавината на природниот свет. Без разлика дали сте за планинарење, велосипедизам, пешачење, уживање во уникатен пејсаж или кајакарење по нашето езеро, ќе бидете воодушевени. Нашата негативна страна – воздхот е премногу чист.

hotel-gradce-clubeconomy

Време е за релаксација

Хотел Градче се наоѓа 5км северно од градот Кочани. Лоциран на 550 метри надморска височина на брегот на езерото Градче. Езерото Градче е сместено во живописна клисура со атрактивна околина. Хотелот располага со 21 соби и 5 апартмани, ресторан сала со капацитет до 400 гости, конференциска сала за состаноци, кафе бар, четири летни тераси, сопствен паркинг кој за нашите гости е бесплатен.

Наш предлог за сите кои ќе престојувате во овој хотел е да одвоите од вашето време за активен одмор. Хотелот располага со велосипеди и кајаци, кои може да ги користите. Интересни се водопадите над самото езеро, кои задолжитлено треба да ги посетите. Имено, изградени се во 1958 година во функција на помошна брана за да спречи надоаѓање на водите од планината. Но, со текот на времето од надојдените гранки, камење и замја, почнала помошната брана да се полни со почва и лека полека се создал прекрасен водопад од дванаесетина метри.

hotel-gradce-clubeconomy
hotel-gradce-clubeconomy

Соби и Апартмани

Капацитетот на нашиот хотел е 26 сместувачки единици кои се опремени според најсовремените стандарди за да обезбедат максимално чувство на комфор и удобност. Големината на собите е од 25м² до 30м². Апартманите се со големина од околу 70м², со исклучок на Претседателскиот Апартман кој ќе ги надмине сите Ваши просторни очекувања. Сите соби имаат балкон опремен со маса и столици со што се зголемува уживањето во природата.

Дознај повеќе
hotel-gradce-clubeconomy
hotel-gradce-clubeconomy

Ресторан

Планинскиот ала карт ресторан е со врвна понуда на храна и пијалоци. Ала карт ресторанот е достапен како за гости на хотелот, така и за надворешни гости. Се препорачува претходна резервација.

ЛЕТНА ТЕРАСА

Нашата летна тераса е идеалното место за опуштање и уживање во природа. Како дел од нашиот хотелски комплекс, летната тераса нуди спектакуларен поглед езерото Градче и прекрасната природа. Овде можете да се опуштите со пријателите или семејството, со при пријатната и тивка музика и вкусната храна, притоа уживајќи во воздушната бања на Градче. Посетете ја нашата летна тераса и дозволете си да се опуштите во магијата на природата!

hotel-gradce-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Населено место без уличен систем бр. 1, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа