Filters
Пребарување
ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ се занимава со завршни работи во градежништвото и продажба на материјали

- Изведување на сите видови хидроизолации
- Епоксидни подови
- Саморазливни системи
- ПВЦ подови
- Ламинати
- Фасадни системи

Подетално за компанијата

Компанијата ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ од Прилеп се занимава со изведба на завршни работи во градежништвото, како и со продажба на материјали за завршни работи во градежништвото во нејзиниот продажен салон ХЕП БАУЦЕНТАР. Посебна специјалност на ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ е изведба на сите видови хидроизолации и поставување на епоксидни и други видови подови.

hep-engineering-clubeconomy
hep-engineering-clubeconomy

ХИДРОИЗОЛАЦИИ

Тимот на ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ ги изведува сите видови хидроизолации на рамни покриви, темели, подрумски простории, индустриски објекти, гаражи, базени... Како материјали користиме ПВЦ фолии, епоксидни смоли, битуменски ленти и редица други системи, следејќи ги сите новитети на пазарот во оваа област. Користиме исклучиво квалитетни материјали, што ни овозможува за сите работи кои ги изведуваме да дадеме соодветна гаранција, како за новоизградените објекти, така и за делумната и целосната санација на хидроизолацијата.

ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ е единствената компанија во Македонија која езведува хидроизолација со таканаречениот метод на ТПО мембрана, односно термопластична полиолефин фолија каја е соединение на синтетичка гума и полипропилен и има исклучителни својства, особено за рамни покриви.

hep-engineering-clubeconomy
hep-engineering-clubeconomy

ПОДОВИ

Втората специјалност на ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ е изведување подни овлоги на индустриски хали, спортски објекти, училишта, градинки, деловни и станбени објекти. Во нашата понуда е изведба на сите видови епоксидни подови, саморазливни системи, противлизгачки епоксидни подови, премази. Потоа се занимаваме и со поставување на подни облоги, како што се сите видови ПВЦ подови, линолеум, ламинати од програмата на TARKETT и GRABOPLAST.

ХЕП БАУЦЕНТАР

Продажниот салон ХЕП БАУЦЕНТАР, кој работи во состав на ХЕП ИНЖЕНЕРИНГ располага со сите видови материјали за изведување завршни работи во градежништвото, од домашни и странски производители. Покрај материјали за хидроизолација и за изведување подови имаме и палета на фасадни системи и палета за ентериено уредување.

hep-engineering-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Филип Втори бр 2, 7524 Кривогаштани, Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)78/397 501

Социјални медиуми

Лице за контакт