Подетално за компанијата
Компанијата ГРОЗДАНОВСКИ од Куманово се занимава со преработка на месо и производство на трајни и полутрајни сувомесни производи. Располагаме со најсовремена технологија за преработка на месо, што заедно со семејната традиција, која е подолга од половина век, и старите рецепти и техники усвоени во овој пеериод, придонесува да произведеме сувомесни производи со врвен квалитет и префинет вкус. Палетата производи на ГРОЗДАНОВСКИ е навистина импресивна: повеќе видови салами и колбаси, тука е и традиционалниот кумановски суџук, потоа домашната сланина, домашниот врат, говедската печеница, домашната печеница, сите чадени само на дрва, па се до бабин колбас, лесновски колбас, селски колбас...
Со занаетот преработка на месо и производство на сувомесни производи семејството Гроздановски започна да се занимава уште во далечната 1968 година и оттогаш традиционално и непрекинато работи и го надградува своето знаење во чекор со времето и во добар занаетчиски дух. Во 2003 година го остваривме нашиот сон, регистриравме компанија под името ГРОЗДАНОВСКИ и во сопствен погон, со најсовремена технологија, продолживме со производство засновано врз искуство кое долги години го градевме.
Во 2009 година компанијата ГРОЗДАНОВСКИ успешно го имплементираше HACCP стандардот, кој е доказ дека нашите верни потрошувачи јадат безбедни и здрави производи, строго конролирани од страна на нашиот стручен тим и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Денес компанијата ГРОЗДАНОВСКИ има сопствена дистрибуција и специјални возила - ладилници за транспорт на производите. Континуирано вршиме достава до своите клиенти, кои од ден на ден покажуваат сè поголем и поголем интерес.
Долгогодишното искуство на мајсторите во ГРОЗДАНОВСКИ ја создава традицијата која е заснована врз чесност, знаење и љубов кон работата. Кај нас квалитетот е тесно поврзан со традицијата која ја градиме врз основа на времето и знаењето. Оттука произлегува и нашиот слоган:
ТРАДИЦИЈА СО ЉУБОВ!
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Боро Соколов бр. 22, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Македонија