Подетално за компанијата
ФОРТЕКС е модна компанија која произведува високо квалитетни кошули. Компанијата ФОРТЕКС е единствен македонски бренд кој нуди уникатна можност да дизајнирате 3D кошули од вашите соништа. Дизајнирани и кроени по ваши мерки, изработени по системот MTM, односно, made-to-measure, што значи изработка по мерка.
ФОРТЕКС произведува машки и женски кошули. Тој е eдинствен бренд во Македонија кој произведува индивидуални корпоративни униформи со што максимално се задоволуваат вашите желби и вкус. Нашите производи се изработени од високо квалитетен текстил, со потекло од Холандија, Италија, Германија, Данска, Австралија...
Кошулите на ФОРТЕКС се ултра удобни и модерни, со голем број детали, везови и модели. Разновиден избор и стил, почнувајќи од формална, па се до кежуал и урбан стил.

Едноставно, ние ви нудиме гаранција и квалитет!
Нудиме производи направени во согласност со европските стандарди. Континуирано инвестирање во нови машини, напредна технологија и идеални работни услови. Грижејќи се за вработените со цел да бидат во можност да постигнат врвни резултати преку мотивираност и лубов кон работата.


Униформи - Бизнис и секојдневни
- Машки и Женски модели
- Изработени по индивидуални мерки или по стандардни мерки
- Ваш уникатен дизајн
- Везење - Ваш текст или лого
- Без минимална количина за корпоративна нарачка
- Брз рок на изработка
- Врвен квалитет на сите материјали за изработка
Академија ФОРТЕКС
Единствена можност да научите да кроите и шиете облека, како хоби или можност за заработка!
Програмата “Изработка на машка и женска кошула” – основно ниво, е наменета за работно оспособување на кандидатите за шиење. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите за полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и во организација и реализација на процесот на шиење. При обуката се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање, цртање), практични методи (практична работа – вежби) кои му овозможуваат на кандидатот континуирана активност за време на целата обука. Програмите опфаќаат изработка на кроеви според дадени мерки, нивна модификација, кроење и шиење на парчиња облека кои може да се носат, со акцент на практичната работа.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Тајмишка бр. 64, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Документи
