Filters
Пребарување
ФМС дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ФМС е специјализирана компанија во областа на недвижностите, која се занимава со целокупно финансиско и административно управување на имоти и комерцијални објекти, нивно техничко одржување, одржување на хигиена со професионални машини и ефикасни средства, хемиско одржување на климатизациски и вентилациски уреди, решенија и изведба за греење, ладење и вентилација, вклучувајќи и реновирање и преуредување на деловни простории.

ФМС е овластен претставник за LG комерцијална климатизација.

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2015 - Систем за управување со квалитетот
ISO 14001 : 2015 - Систем за управување со животната средина
ISO 18001 : 2007 - Сертификат за процена на здравјето и безбедноста на работното место
ISO 45001 : 2015 - Систем за управување со здравјето и безбедноста на работното место

Подетално за компанијата

ФМС

Ние сме консултантска компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците со кои се соочува вашата компанија. Нудиме иновативни технологии и услуги во различни области во делот на недвижностите, посебно во делот на енергетската ефикасност. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да ви обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост. Работиме секогаш со најсовремени и иновативни машини и се грижиме за животната средина. Ние сме и официјални преставници на LG за комерцијалната програма за греење и ладење со што може да понудиме најсовремени решенија, од топлински пумпи па сѐ до специфични индустриски решенија согласно потребите на потенцијалните клиенти. Нудиме и други еколошки и иновативни решенија во делот на греење и ладење сѐ со цел да ја заштитиме животната средина и да ги намалиме трошоците.

Почнувајќи од вашата идеја и визија, преку нашата експертиза и практични знаења, ние сме партнер за вашиот бизнис!

fms-clubeconomy
fms-clubeconomy

Предности кои ги нуди ФМС:

  • • Единствено место за контакт – сите услуги на едно место

  • • Обезбедување на висококвалитетни услуги на доследен и координиран начин

  • • Јасни, издржани и стратешки совети

  • • Одговорност и транспарентност

  • • Мобилни инженери и техничари

Нашиот инженерски тим е целосно посветен и обучен да изврши целосна анализа на барањата на клиентите поврзани со HVAC (греење, вентилација и климатизација), од решенија за станбени објекти па сѐ до решенија за деловни згради, притоа секогаш земајќи ги предвид трошоците, функционалноста, траењето и одржувањето на опремата по нејзината инсталација. Имаме цел сет на услуги за системите за вентилација и климатизација, вклучувајќи планирање и проектирање, инсталација на опремата како и тим кој го гарантира квалитетот на системот.

fms-clubeconomy
fms-clubeconomy

Референци

• А1 Македонија

• Македонски Телеком АД Скопје

• НЛБ Банка АД Скопје

• БЦ Соравиа

• Амбасада на Јапонија

• Европска Банка за Обнова и Развој

• Некстсенс

• НУ Македонска Филхармонија

• Лек Скопје

• Skopje City Tower

• Сава Осигурување а.д

• Текома Штип

• Прима Оптика

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 20-ти Октомври бр.4
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Ивона Колева


Мапа

Документи