ЕВРОСУРОВИНА ПА дооел е компанија формирана во 2011 година, со првична дејност управување со отпад, откуп на секундарни суровини, обоени и необоени метали, преработка на жици и кабли.
Подетално за компанијата
ЕВРОСУРОВИНА ПА
Нашето претпријатие располага со најнова технологија за обработка на суровините и како резултат на тоа нуди високо квалитетен бакарен гранулат. Освен за свои потреби, нудиме и услуги за преработка на суровините за надворешни потрошувачи.
Покрај првичната дејност, во изминатите години размислувавме и за сопствено производство и конечно во 2015 година на пазарот го пласиравме својот прв производ - подни гумени плочки кој е единствен производ од ваков вид произведен во Македонија. За овој производ, добивме високи признанија и награди.
ПОДНИ ГУМЕНИ ПЛОЧКИ
Гумените подни плочки се изработени од 100% гумен гранулат што е пресудно за добивање удобност и мека текстура на гумениот под. Плочите се отпорни на високи и ниски температури, лесни за монтажа и имаат долг век на траење. Погодни се за внатрешна и надворешна употреба.
Идеални се како решение за:
- детски пракови
- партерни уредби
- детски игротеки и игралишта
- фитнес простории
- деловни објекти
- кујнски површини
- детски соби
- дворови
Ги произведуваме во два облика, со стандардна димензија (50 см x 50 см) и 2.5 см дебелина. За нивниот квалитет најдобро зборуваат бројните награди, признанија и сертификати ISO 9001-2015, како и наградата за иновативен производ и претприемач на годината во 2016 година.
- Лесни за монтирање, можат да се склопуваат како сложувалка а можe и да се залепат со соодветен лепак.
- Нивната структура сама по себе е лесна за оддржување и антибактериска. Доволно е само млаз вода и плочките ќе бидат чисти.
- Гумените подни плочки се со висок отпор и голем степен на издржливост. Оштетување можат да настанат од поголеми механички удари.
- Можат да се поставуваат на сите површини, како надвор така и внатре.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Индустриска бб, 7000 Битола - (канцеларија)
Ул. Прилепска 76-4, 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Македонија