ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








Енергија TOSHIBA CARRIER годишна презентација 2024

Енергија TOSHIBA CARRIER годишна презентација 2024

Компанијата Енергија доо која постои веќе 19 години на пазарот во Македонија на 09.04.2024 вторник во Винарија Кралица Марија Д.Капија го одржа најочекуваниот настан од HVAC индустријата во Македонија – Toshiba Carrier 2о24 годишна презентација. 

Пред повеќе од 150 учесници, партнери на компанијата Енергија, дистрибутери, проектанти, инженери, архитекти и градежни компании се презентираше програмата на Toshiba Carrier за 2024 година: инвертер клима уреди, топлински пумпи, мулти системи, VRF системи, чилери, вент.конвектори итн. Учество на презентацијата земаа Robert Horvat - Toshiba Key Account Manager и Grigoris Konstas - Carrier Area Sales Manager како и сопствениците на компанијата Васил Цицонков и Самоил Цицонков со најава што ќе биде ново во Енергија во следниот период.

Своја презентација имаше и Игор Панчевски – Технички експерт за Македонија кој ги презентираше можностите за GEFF зелени кредити со грант финансирање на Toshiba Carrier системите со топлински пумпи.

Во самата сала за презентации беа изложени голем број на Toshiba Carrier инвертер уреди и топлински пумпи каде на лице место присутните можеа да се запознаат со најновите модели и нивниот висок квалитет на изработка.

На самиот настан присутните учествуваа во наградна игра со голем број на подароци – честитки до добитниците.

Како што најавија од Енергија, се гледаме и следната година каде освен новитетите во полето на ладење и греење ќе прославиме и 20 години јубилеј на Енергија доо.

 
Прочитајте повеќе
Енергија CARRIER TOSHIBA Презентација