ЕКО ИНЖЕНЕРИНГ-НС ДООЕЛ Струмица е овластено друштво за извршување на стручни работи од полето на безбедност и здравје при работа. Компанијата започна со работа во 2007 година и е прва која има овластување од Министерството за труд и социјална политика за вршење на стручни активности во областа на безбедноста и здравјето при работа. Тимот на ЕКО ИНЖЕНЕРИНГ-НС се состои од седум инженери со положени стручни испити. ЕКО ИНЖЕНЕРИНГ-НС нуди услуги во областа на животната средина: мерења на параметрите во животната средина (бучава, прашина, емисија), мониторинг на животната средина, извештаи за безбедноста на животната средина.