Filters
Пребарување
ДОРАКАН дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДОРАКАН се занимава со снабдување со печатена и непечатена пластична амбалажа за текстилна индустрија, електроника, канцелариски материјали...

- Кеси за испраќање на секаков вид поштенски пратки
- Кеси за сервиси за хемиско чистење
- OXO - биоразградливи кеси за трговија на мало, прехранбена индустрија...

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Компании што работат со текстил, трговци на големо и мало, карго компании, сервиси за хемиско чистење

Подетално за компанијата

Компанијата ДОРАКАН се занимава со снабдување со печатени и непечатени пластична амбалажа PP, OPP, CPP, OXO-PP кеси за текстилна индустрија, електроника, канцелариски материјали... од 2µ до 10µ. Имаме широк асортиман на производи, а со своето знаење и искуство се обидуваме да го одржиме квалитетот, кој во ДОРАКАН е секогаш пред се. Во ДОРАКАН располагаме и со OXO - биоразградливи производи кои се 100 % растворливи во природата, во период од 12 до 24 месеци. На овој начин сме вклучени во светскиот тренд за зачувување на животната средина.

Палета на производи

- Торби за поштенски пратки

- LDPE, HDPE, OXO-LDPE, OXO-HDPE, PP-CPP-OPP-LDPE-OXOPP кеси (самолепливи, со закачалки, со патент, перфориран...)

Image description
Image description
Image description
Image description
Image description
Image description
Image description
Image description
Image description
Image description
Image description
Image description

Торбите за поштенски пратки се отпорни на кинење и дупчење, што го прави совршено решение при испраќањето поштенски пратки. Исто така, познати како CoEx кеси, овие тотби се направени од трислоен коекструдиран LDPE материјал, кој на оваа абалажа и дава квалитет, да биде отпорна на кинење и дупчење. Овие торби се направени со непроѕирен бел надворешен слој и црн или сив внатрешен слој, што обезбедува приватност при испраќање лични предмети, маици, електроника и друго, како и целосна доверливост при испорака на документи.

Самолепливи кеси - Oдлично решение за складирање на документи, текстил и други предмети, кога треба да ја чувате содржината безбедна и/или да ја заштитите од влага, прашина, нечистотија или други загадувачи

Поли кесите со кука се дизајнирани за да помогнат полесно да ги изложите текстилните производи, трикотажата, играчките и други производи во продавниците на ефикасен и ефективен начин. Во понудата имаме многу различни видови куки за поли кеси кои ќе ви помогнат полесно да ги изложите вашите производи во продавниците.

Во понудата на ДОРАКАН се и кесите за пакување на чистите алишта после хемиско чистење. Ги испорачуваме спакувани една по една во големо пакување или во ролни, со можност да нарачате печатена или непечатена варијанта.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Индустриска Зона село Градошорци, Василево, 2400 Струмица
Град: Струмица
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Баркин Акан


Мапа