Filters
Пребарување
ДИДЕНКО ПЕСИГ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДИДЕНКО ПЕСИГ се занимава со изработка на:

- Мебел од железо и дрво за надворешна и внатрешна употреба
- Спортиски реквизити
- Урбана опрема
- Канцелариски и тоалетни контејнери

ДИДЕНКО КОНСТРАКШН - изведување на секаков вид браварски и лимарски работи

- Метални конструкции за стопански објекти
- Изведување покриви конструкции
- Фасади
- Надстрешници
- Огради

Подетално за компанијата

Компанијата ДИДЕНКО ПЕСИГ од Скопје се занимава со изработка на есклузивен мебел од комбинација на железо и дрво за внатрешна и надворешна употреба. Разубавете го вашиот дом со трпезариска маса од масивно дрво, со модрно дизајнирани ногарки од железо. Креација која во вашиот дом ќе внесе елеганција, цврстина и есклузивност. Воедно, изработуваме најразлични парчиња мебел од комбинација на железо и масивно дрво, кои како своевидни експонати, со својата убавина, елегантнос и функционалност, можат да се вклопат во речиси секој стил на уредување на стан, куќа или канцеларија. Покрај трпезариските маси, кога станува збор за мебелот за внатрешна употреба, посебно сме горди на креациите за работни бироа што ги имаме изработено, како и бар столиците, чија елеганција се вклопува и во ентериерот на најесклузивните, барови, ресторани, кафетерии...

didenko-pesig-clubeconomy

Од мебелот за надвотешна употреба би ги издвоиле гарнитурите за седење, клупите, лежалките... кои во вашите дворови ќе внесат елеганција и удобност. И при нивната изработка се водиме од идеата да постигнеме идеален спој на железото и дрвото, односно меѓу топлината на дрвото и цврстината на железото. Нашиот тим ќе ви даде идеја и ќе ја изгради за вас најубавата пергола или летна кујна, а на оние што сакаат да спортуваат им нудиме палета на спортски реквизити.

didenko-pesig-clubeconomy
didenko-pesig-clubeconomy

Убавината на секој двор многу зависи и од дизајнот и квалитетот на оградите и капиите кои се дел од овој систем. Тие заедно со мебелот, хортикултурните решенија и целата опрема ја заокружуват сликата на секој екстериер. Во ДИДЕНКО ПЕСИГ имаме развиено цел сегмент на модерно дизајнирани, фукнционални, безбедни и стилски убави огради. Ваше е само да не побарате и да ни ги презентирате барањата и желбите.

DIDENKO CONSTRUKCION се занимава со изведување на сите видови браварски, кровопокривачки и лимарски работи. Според изјавите на клиентите, сме најбрзи и најквалитетни во градот. Во делот од компанијата кој се занимава во доменот на градежништвото изведуваме метални конструкции за индустриски хали, магацини и други слични објекти. Потоа изведуваме кровни конструкции заедно со сите кровопокривачки работи, поткровни конструкции на кои монтираме панели и прозорци, како посебен спрат од куќа, станбена зграда или деловен објект. Тимот на DIDENKO CONSTRUKCION изведува и фасади, настрешници, огради, ѕидови од мрежа...

didenko-pesig-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Фјодор Достоевски бр. 8 б, 1000, Скопје
Град: Скопје
Држава:


Телефони

+389 (0)70/251 448

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа