Подетално за компанијата
Компанијата ДЕТАЛ ВЕЛД ИНЖИНЕРИНГ е основана во август 2007 година со седиште и производствени капацитети во Кавадарци. Наша примарна дејност е ПРОИЗВОДСТВО НА МЕТАЛНИ КОНСТРУКЦИИ И ДЕЛОВИ ОД КОНСТРУКЦИИ, како и МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВЕНИ КАПАЦИТЕТИ, за што сме целосно опремени и располагаме со соодветен машински парк.


Нашиот тим составен од машински инженери, електро инженери и искусни мајстори е подготвен да изработи техничка документација и план за ремонтно одржување на транспортни системи, елеватори, ротациони и потисни печки, вентилатори, демонтажа и монташа на електромотори со јачина од 5 MW, кранови, гасоводи...
Искуството што компанијата го има во сферата на одржувањето ни овозможува квантитативно и квалитативно да бидеме присутни во:
• Ремонтно одржување
• Фабрикација на делови
• Монтажа на опрема
• Изработка на техничка документација


Производниот и услужниот асортиман е разновиден и опфаќа различни сфери. За фабрикација на делови можеме да понудиме се што е во рамките на перформансите на нашиот машински парк, како и на нашите субконтрактори, а како готови производи можеме да ги понудиме следниве елементи: каци, лиени конуси, вентилатори (санација и изработка), филтри (санација, монтажа и изработка), полжавести транспортери, тракасти транспортери, осовини, запчаници, плаштови, конструкции, транспортери, индустриски газишта, цевоводи, силоси...
Монтирањето на опремата го изведуваме во присуство и со надзор од инвеститорот, во соработка со универзитетски професори или еминентни експерти во соодветната област.
ДЕТАЛ ВЕЛД ИНЖИНЕРИНГ ја прошири својата дејност со купување нови машини и опрема:
1. Ласерска машина за режење на метали BODOR – модел A3015 со ласерска единица, со следниве карактеристики:
• работна површина 1,5 h 3m
• точност на позициониранје на оската ±0,005 mm
• точност на репозициониранје на оската ±0,003 mm
• брзина на поврзување 100 m/min
Машината може да реже различни материјали (јаглероден челик, нерѓосувачки челик, алуминиум, месинг) со различна дебелина.
2. Хидрауличен апкант CNC CYBELEC ct8 SWISS controller 3200/125 t со сегментен но и мулти V призма, кој може да витка материјали со дебелина 6-7 мм.
3. Ласер за заварување со ласерска единица MAH 1 KV + додавач на жица за заварување на подебели материјали (црни и обоени метали)
Ласерот може да заварува без додаток на жица до 3 мм.
Производи кои ние ги нудиме и можеме да ги произведеме со помош на оваа опрема:
• Секаков вид ормари: ормари за соблекувални, ормари за прва помош, ормари за хидранти, ормари за вградување електро опрема...
• Вентилациони канали
• Огради за тераси
• Декоративни панели
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Шишка бр. 38/2, 1430 Кавадарци
Град: Кавадарци
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Мапа
Документи
