Filters
Пребарување
ДЕКО-МЕТА дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Со идеа за сопствен бизнис чија основна дејност е електростатско пластифицирање на метални елементи, ДЕКО-МЕТА денес прерасна во мала компанија која изработува метална галантерија што одговара на барањата на клиентите на домашниот, но и на странскиот пазар.

Од широката палета на сопствени производи, можеме да се издвоиме како најголем производител на македонскиот пазар на држачи за клима уред.

ДЕКО-МЕТА дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ДЕКО-МЕТА

Кон крајот на 2003 година, основната дејност започнавме да ја развиваме во гаражен простор од 40м2. Со зголемување на работните задачи, покрај вршењето на производствени услуги за своите клиенти, започнавме со производство на сопствени производи.

Со постепено надоградување во современа производствена опрема, со долгогодишна работа и труд, изградивме модерна метало прерапотувачка компанија, која од 2017 година се премести во нов производствен простор од 800м2 и 300м2 магацински простор.

Види повеќе
deko-meta-clubeconomy

Електростатско пластифицирање

За подобрување на квалитетот, изградивме сопствена линија за одмастување на метални елементи. Денес располагаме со две печки за електостатско пластифицирање (3000х1500х2000; 4000х1500х2500мм) и широк спектар на бои, за задоволување на желбите на клиентите.

deko-meta-clubeconomy

Метална галантерија

Вршиме производство на широка палета на метална галантерија (Метални ормари, ормари за регистри, гардеробери, метални сталажи за супер маркети или деловни простори, поштенски сандачиња, и сл.)

Се залагаме за континуирано подобрување на квалитетот на веќе постоечките сопствените производи и создавање на други, со цел освојување на нови домашни и странски пазари.

deko-meta-clubeconomy

Вршење услуги на CNC PUNCH PRESS

Од 2018 година располагаме со CNC PUNCH PRESS, при што на клиентите им нудите услуга со поголема прецизност за краток временски период. Вршиме обработка на лимови до 3мм дебелина.

deko-meta-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Боца Иваноска бр. 16, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа