Filters
Пребарување
ДАУТИ КОМЕРЦ ад

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ се занимава со увоз - извоз и промет со стоки за широка потрошувачка

Застапување на домашни и странски компании од разни области
Млеко & Месо
Италијанска храна
Хигиена & Козметика
Cash&Carry

ДАУТИ КОМЕРЦ ад

Подетално за компанијата
dauti-komerc-clubeconomy
Cash and Carry
dauti-komerc-clubeconomy
Млеко и месо
dauti-komerc-clubeconomy
Италијанска храна
dauti-komerc-clubeconomy
Хигиена и козметика

Подетално за компанијата

ДАУТИ КОМЕРЦ

Основната дејност на компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ ад е увоз-извоз и промет на стоки за широка потрошувачка кој се остварува преку дистрибутивните центри, како и застапување на повеќе реномирани домашни и светски фирми од разни области. Деловната политика на ДАУТИ КОМЕРЦ постојано се приспособува на пазарните трендови. За секоја линија на асортиманот се води посебна политика, во зависност од карактерот, нивната намена, потребите на пазарот и пласманот.

dauti-komerc-clubeconomy

НАДВОРЕШНА СОРАБОТКА

На планот на надворешната соработка главната тенденција на ДАУТИ КОМЕРЦ е да се обезбеди поврзување со светски познати компании, со усвојување на испробани лиценци, со крајна цел обезбедување на конзистентен растеж и профитабилно работење на долг рок.

dauti-komerc-clubeconomy
dauti-komerc-clubeconomy

ЛИДЕР ВО РЕГИОНОТ

ДАУТИ КОМЕРЦ ад е афирмирано акционерско друштво, лидер во регионот. Почетоците на компанијата се во село Бојане во раните деведесетти години, а денес работи во четири држави, со повеќе од 500 вработени. Нашата цел е да обезбедиме конзистеност и подобрување на деловните перформанси, како и одржување на постигнатата водечка позиција која друштвото ја има во Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија. Нашата иновативност ни овозможува дистрибуција на нови квалитетни брендови кои ја освојуваат довербата на потрошувачите.

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА

Централен магацин ДАУТИ КОМЕРЦ „Увоз и дистрибуција“ Скопје – Сарај, увезува и дистрибуира познати светски брендови до организираната трговска мрежа: магацини, синџири на маркети и маркети.

ДАУТИ КОМЕРЦ Cash&Carry, во Скопје – Сарај, Тетово и Струга. Овие центри го снабдуват со стоки домашниот пазар, односно нашите консигнанти - малите и средните претпријатија.

Микродистрибуција, амбулантна продажба, испорака на стока до најмалите продажни објекти во сите региони на Македонија.

Dauti markets group, 1.800 консигнанти, кои продаваат исклучиво наши стоки.

dauti-komerc-clubeconomy
dauti-komerc-clubeconomy

ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ

ДАУТИ КОМЕРЦ ад е многу активен и во странство преку своите дистрибутивни центри:

  • • Даути Комерц Урошевац, Косово

  • • Даути Комерц Подгорица, Црна Гора

  • • Даути Комерц Драч, Албанија

МОТО

Основното мото на ДАУТИ КОМЕРЦ е брза испорака на стоките до купувачите, овозможено со ефикасност во прифаќањето на нарачката, добрата организација и координираност на комерцијата и логистиката (магацинското работење), како и кавалитетниот возен парк со кој располaга целокупната дистрибуција.

dauti-komerc-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 1723 бр. 20, Сараj, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)2/2550 124

+389 (0)2/2534 859

+389 (0)2/2534 819 - Магацин

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа