Filters
Пребарување
ДАНИВО дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ДАНИВО се занимава со:

- Производство на ориз, јачмен, пченица, луцерка, вишни
- Производство на семенски материјали
- Преработка на ориз и други житарици
- Пакување ориз, грав, леќа и пченица

СЕРТИФИКАТИ

HACCP

Подетално за компанијата

ДАНИВО

Компанија ДАНИВО дооел постои од 2000 година. Се занимава со производство и преработка на ориз и други житарици, како и со репроцесија и производство на семенски материјали. ДАНИВО обработува 123 хектари дражавно земјиште, кое што е добиено под концесија, во согласност со договорот за користење за период од 30 години.

Компанијата произведува ориз на површина од 70 хектари и е една од најголемите производители на оризова арпа во Македонија. Просечното годишно производство на оризова арпа изнесува околу 455.000 килограми, од кои добиваме 250.000 килограми бел ориз. Покрај сопственото производство ДАНИВО годишно одкупува по околу 200.000 килограми оризова арпа од индивудалните производители и ја преработува во фабриката што се наога во Горни Подлог во близина на Кочани. Капацитетот на фабриката во Горни Подлог е преработка на 600.000 килограми оризова арпа месечно и во неа работат добро обучени, професионални работници.

danivo-clubeconomy

ДИСТРИБУЦИЈА

Од самата обработка на земјиштетото, до производството на ориз ДАНИВО води посебна грижа за заштитата од загадување, што претставува еден од основните услови за добивање еколошки здрави производи. ДАНИВО поседува модерна земјоделска механизација за обработка на земјиштето и магацински простор за складирање на оризовата арпа и белиот ориз. Исто така, имаме возен парк за дистрибуција на готовоите производи.

ДАНИВО годишно дистрибуира околу 600.000 килограми бел ориз на домашен пазар и околу 1.500.000 килограми бел ориз на странските пазари. Компанијата е препознатлива и на пазарите во Србија, Турција и Црна Гора, а веќе се во тек активности да почнеме да извезуваме и во некои држави од Европската унија.

danivo-clubeconomy
danivo-clubeconomy

СОРАБОТКА

ДАНИВО дооел соработува со повеќе од 400 кооперанти од кочанскиот крај и со индивидуални земјоделци производители на ориз од Виница, Блатец, Велес и Неготино. Покрај откупот ДАНИВО го извршува и превозот на оризовата арпа на индивидуалните земјоделци од нивните складишта до фабриката за ориз во Горни Подлог.

danivo-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Никола Зафиров бр. 27
Село Подлог, 2300 Кочани
Град: Кочани
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Ане Ефтимов


Мапа