ВИПРО произведува вкупно шест групи на производи:
-
Специјалитети од зеленчук (домашен ајвар, лутеница, малиџано, медитерански пинџур, селски пинџур, закуски со црн патлиџан, домати и тиквици, пасти од маслинки, пасирани домати...)
-
Кисела програма (корнишони, феферони, лути бабурчиња, цвекло, пиперки, лист од зелка...)
-
Сладка програма (слатко од јагоди, слатко од диви смокви, слатко од зрели смокви, слатко од тиква, слатко од дуња, слатко од портокал, мармалад од сливи, мармалад од зрели смокви, џем од кајсија...)
-
Делукс програма (специјалитети од зеленчук кои се направени со посебно внимание на производствениот процес и квалитетот на суровината)
-
Потпечена програма (потпечени пиперки, тиквички, модар патлиџан...)
-
Вакуум програма (цела зелка, лист од зелка, мешана салата)
Овие групи имаат различни ВИПРО брендови, односно: Vipro Tradition, Vipro Sunny Taste, Vipro Fresh Morning, Vipro De Luxe, Grillco и VISAN.
„Випро производите се дар од боговите"
Императив на фирмата е да ги услужи потрошувачите со соодветни, сигурни, квалитетни, здрави и вкусни производи.