Подетално за компанијата
ВИКТОРИЈА ШПЕД
Викторија Шпед доо Скопје е компанија формирана во 1995 година, лидер во областа на царинско застапување и организирање на комплетна логистика.
Во моментов во Викторија Шпед има 29 професионално обучени вработени кои се подготвени да одговорат на сите предизвици, со единствена цел да се задоволат потребите на клиентите.
ЦАРИНСКО ЗАСТАПУВАЊЕ
Професионален тим од 10 царински лиценцирани застапници и 6 диспоненти задолжени за подготвување на вкупната царинска документација за извоз, увоз или транзит на стоки.
Застапување во царински постапки на сите царинските испостави на територијата на Скопје и Аеродром Скопје, канцеларија во Куманово и соработка со партнерски шпедиции на сите гранични премини. Локално царинење на стока извоз/увоз
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДОМАШЕН И МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ
Посредување и организација на сите видови меѓународен транспорт
-
• Копнен транспорт
-
• Бродски транспорт
-
• Авионски транспорт – IATA сертифициран агент за авионски транспорт
-
• Експресен авионски транспорт
-
• Дистрибуција
За непречено организирање и остварување на транспортот Викторија Шпед соработува со сестринската фирма Фалкон Логистик која располага со возен парк од 6 VW Crafter возила, кои превезуваат стокаи на домашниот пазар и надвор од Македонија.
ЦАРИНСКИ СКЛАД
Викторија Шпед поседува сопствен царински магацин од 1.152 м2 затворен дел и 675 м2 отворен дел, уреден според најсовремените стандарди. Магацинот располага со:
-
• 1550 палетни местa
-
• Комора за складирање на лекови
-
• Оддел за АДР пратки
-
• Регално скалдирање
Контакт информации
Адреса
Улица: Бул. Босна и Херцеговина бб,
(објект Шкода), 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia
Социјални медиуми
Лице за контакт