VEZE SHARRI
Производство на јајца
Производство на јајца
Производство на сувомеснати производи
ДЕЛ ОД СЕКОЈ ВКУСЕН ОБРОК
Континуирана испорака на квалитетни и безбедни производи со цел потполно задоволување на барањата на потрошувачите, постојано подобрување на асортиманот, спремни да ги достигнеме и да бидеме над нивните.
Со својата богата традиција, најсовремената технологија, иновативни решенија и вработените како најважен ресурс, да ја зајакнеме лидерската позицијата на домашниот пазар и да ги промовираме сопствените брендови на регионално ниво.
Живинарската фарма ВЕЗЕ ШАРИ која се наоѓа во селото Требош во Тетово – Македонија, основана со германско-македонско партнерство во 2001 година, ви нуди свежи јајца со највисок квалитет.
ВЕЗЕ ШАРИ е компанија која е насочена кон потполна сатисфакција на клиентите. Таа има широко распостранета своја дистрибутивна мрежа и врши извоз на јајца во земјите од регионот, ЕУ и NATO со капацитет од 120.000 кокошки и годишно производство од над 34.000.000 јајца, со што ги задоволува потребите на пазарот во нашата земја.
Везе Шари располага со 2 простории за раст на еднодневни пилиња со вкупен капацитет од 60.000 пилиња и 4 простории со вкупен капацитет од 120.000 кокошки несилки.
Со цел да го збогати животот на потрошувачите со вкус и квалитет, ВЕЗЕ ШАРИ ви нуди јајца заштитени со посебно лого, кое го гарантира нивниот квалитет со највисоките европски стандарди ISO 22000:2005, стандард кој во себе го опфаќа и системот HACCP, како и HALAL стандардот.
Од 2007 година, ВЕЗЕ ШАРИ започна со производство на производи од месо, мелено месо и преработки од пилешко и говедско месо под брендот LECKER, кој на пазарот нуди квалитетни и безбедни производи, докажани во и надвор од земјата.
Посебноста на фабриката LECKER е тоа што во производниот процес се употребуваат исклучиво здрави кокошки од сопствено производство и производи од верификувани производители и добавувачи на суровини, адитиви, зачини и материјали за пакување.
За да се осигура безбедноста на производите, системот за управување со квалитет на LECKER е сертифициран според стандардот ISO 22000: 2005 со имплементирање на HACCP и HALAL системот со континуирана проценка на нивната ефикасност и постојана контрола.
ЕЛЕКТРО ШАРИ е првата термоцентрала на биогас во Македонија за производство на електрична енергија. Капацитетот на објектот за производство на електричната енергија е 1 мегават на час, односно 8.760.000 киловат часови годишно.
Како суровина за производство на електрична енергија се користи отпадот и нус- производите од фармата Везе Шари како и другиот отпад од земјоделство. Во ЕЛЕКТРО ШАРИ, отпадот не се третира како отпад, туку како обновлив извор на енергија, од кој по согорување на метанот се добива електрична и топлинска енергија.
Остатокот по ферментацијата се обработува повторно за производство на органско ѓубриво-подобрувач на својствата на земјиштето во количина од 8.000 тони годишно. Органското ѓубриво НАТУРПУР како производ е одобрен и регистриран во соодветните институции и истиот е одобрен за извоз во земјите на Европската унија со исполнување на највисоките меѓународни стандарди за квалитет и безбедност на здравје и животна средина.
Улица: С. Требош - Општина Желино
1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Macedonia