Filters
Пребарување
УНИПАРТС ДС дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата УНИПАРТС ДС дооел се занимава со продажба на резервни делови за градежни машини, багери, булдожери...

- Хидраулични пумпи, гасеници, ножеви, заби... Комплетна палета резервни делови за репарација на градежни машини
- Брендови: Komatsu, Caterpillar, Hitachi, Liebherr, Volvo...
- Професионален сервис

Тоа што го нема во нашата продавница, ќе го набавиме.

УНИПАРТС ДС дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Компанијата УниПАРТС ДС дооел, која се наоѓа во Индустриската зона Визбегово во Скопје, се занимава со продажба на нови и користени градежни машини, багери, булдожери, натоварувачи, комбинирани натоварувачи / ровокопачи, вилушкари... Воедно, располагаме со богато снабдена продавница за делови за градежни машини и магацински простор од кој секојдневно се снабдува продавницата. Реномето што го изградивме во изминативе години, ни овозможува брзо и ефикасно да дојдеме до било кој резервен дел и тоа во најкраток можен рок, по цени кои се конкуретни, како за нашиот, така и за глобалниот пазар.

uniparts-ds-clubeconomy

УниПАРТС ДС е застапник за резервни делови за градежни машини од италијанската компанија ITR Usco, водечки бренд со широка палета на резервни делови за репарација на градежни машини од најпознатите светски брендови, како: Komatsu, Caterpillar, Hitachi, Liebherr, Volvo...

Исто така, УниПАРТС ДС е официјален застапник на три бренда за градежни машини: TAKEUCHI, јапонска компанија за производство на мини багери, EVERUN, кинеска компанија за производство на вилушкари, багери, утоварувачи и SUNWARD, кинеска компанија која произведува широка палета на багери, платформи за работа на височина...

uniparts-ds-clubeconomy

Во продавницата на УниПАРТС ДС во секој момент располагаме со најголем избор на заби, навлаки, адаптери и осигурувачи за сите видови градежни машини од ITR USCO Италија. Потоа сите видови филтри, гумени гасеници, рампи за утовар и истовар со различни димензии и носивост, исто така од ITR USCO кој е синоним за докажан квалитет. Тука се и моторните масла и масти за подмачкување Pakelo Lubricants за сите видови градежни и земјоделски машини, автомобили, моторцикли.

uniparts-ds-clubeconomy

УниПАРТС ДС има и сопствен сервис кој дава услуга во тековното сервисирање и одржување на градежни машини, како и нивна целосена репарација. Нашиот тим на професионалци ви стои на располагање при решавањето на тековните проблеми кои произлегуваат од Вашето секојдневно работење. Сервисот се наоѓа веднаш до продавницата и магацинот за резервни делови. Богатата палета производи со која располагаме ни дава можност да ги решиме проблемите во најкраток можен рок. Ако во моментот не располагаме со конкретниот дел потребен за одстранување на проблемот, можеме да го набавиме за неколку дена.

uniparts-ds-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Качанички пат бб, Индустриска Зона Визбегово, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа