Filters
Пребарување
Т&М доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата Т&М се занимава со изведување електроинсталатерски работи:

- Проектирање, надзор и монтажа на електроенергетска опрема
- Изведување објекти од низок и среден напон

КАТАЛОГ

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2015
IASS:Env. C 2021-2023
IASS:RES.C 2020-2022

Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
Лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија
Лиценца Ц за изведувач на градби од трета категорија

Подетално за компанијата

Компанијата Т&М доо Штип е основана во 2003 година, со седиште на ул. Струмички пат, 9-ти км, во Штип. Основната дејност на претпријатието е проектирање, надзор и монтажа на електроенергетска опрема и објекти од низок и среден напон. Претпријатието има производствен погон за изработка на овисна и спојна опрема за далекуводи и трафостаници, погон за производство на силиконски изолатори, ЦНЦ погон за изработка на алати, погон за монтажа на производи, работилница за одржување на возен парк и магацински простор. Т&М доо има 47 вработени, од кои 13 со високо образование.

tm-stip-clubeconomy
tm-stip-clubeconomy

Во изминатите години Т&М се специјализира за изработка на идејни решенија, проекти, изведба и монтажа на:

  • Електрични инсталации на станбени, деловни, индустриски објекти, трафостаници со моќност од 10-35 kV, далекуводи, НН мрежи и разводни постројки

  • Испитување на исправност на електрични инсталации, громобрански инсталации, осветленост на работни површини и заштитно заземјување, диалектрична пробојност на трансформаторско масло

  • Лоцирање на траси и дефекти на НН и ВН кабли и нивно санирање

  • Напонско испитување на кабли

  • Одржување и изведба на улично осветлување

  • Филтрирање на трансформаторско масло.

Т&М е флексибилно претпријатие кое ги следи барањата на клиентите применувајќи ги најновите технолошки достигнувања, технича регулатива и стандарди. Располага со Лиценца А за изведување на градби од прва категорија, лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија и лиценца А за проектирање на градби од прва категорија Производите и услугите на Т&М Штип се контролираат од одделението КОНТРОЛА. Одделението КОНТРОЛА е организациона единица во рамките на Т&М. Опремени со соодветен простор, опрема и кадар за вршење на работите на тестирање и контрола во согласност со прописите, национални и меѓународни стандарди, барањата на ISO/IEC 17020 и потребите на претпријатието. Потребата за управување со документација,заштита на животната средина, заштита при работа и управувањето со енергија како важен сегмент за квалитетна работа на претпријатието, од 2012 година ТМ Штип ги има воведено системите за управување според ИСО 9001, 14001, 45001 и 50001.

tm-stip-clubeconomy
tm-stip-clubeconomy

ИНСПЕКЦИСКО ТЕЛО

  • Контрола и детекција на траса на нисконапонски и среднонапонски кабли.
    Напонско испитување на нисконапонски и среднонапонски кабли. Детекција на место на дефект.

  • Системи за громобранска заштита
    Технички преглед и периодични испитувања на систем за громобранска заштита

  • Заштитно заземјување
    Технички преглед и периодични испитувања на отпорот на распростирање на системи за заземјување

  • Нисконапонски електрични инсталации

Прва периодична и вонредна:

- Инспекција (контрола) на непрекинатост на заштитен проводник на главно и додатно изедначување на потенцијалот со мерење на електричниот отпор,

- Инспекција (контрола) на отпор на изолација на нисконапонски проводници и кабли,

- Инспекција (контрола) на исправност на уредите за диференцијална струјна заштита,

- Инспекција (проверка) на секвенца на фази,

- Проверка на отпорност на подовите и ѕидовите,

- Проверка на условите за заштита со автоматско исклучување на напојувањето со мерење на отпорноста на колото на грешка,

- Провека на заштита со автоматско исклучување на напојувањето преку мерење на вкупната отпорност на заземјувачот,

- Проверка на дополнително изедначување на потенцијалт со мерење на импеданса на пристапни изложени и страни проводни делови

  • Средства за заштита во електроенергетски пост
    Прва, периодична и вонредна проверка на напон на пробив на: заштитни ракавици, заштитни чизми, заштитни каљачи, заштитен шлем, заштитна мотка за заземјување, заштитна мотка за манипулација, фазен индикатор, рачка од фазен индикатор, глава од фазен индикатор, двополен фазен индикатор, рачка од двополен фазен индикатор, глава од двополен фазен индикатор, заштитна плоча, заштитна клешта, заштитна масичка и изолациони теписи.

  • Термовизиско снимање и мерење
    Термовизиска контрола на електроенергетски постројки, инсталации опрема и уреди

  • Минерални изолациони масла
    Периодична и вонредна проверка на напон на пробив и диелектрична цврстина

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Брегалничка бр. 54, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Коле Тасев


Мапа

Документи