Се продаваат станови во изградба во зградата Теракота 04 која се наоѓа во центарот на Прилеп.
Цената е 1100 евра за м².
Зградата е опремена со лифт, а стновите ќе имаат уредено купатило со плочки и санитарија како и уредена кујна со плочки.
Становите ќе бидат опремени со соларен систем за греење на вода и сплит систем за ладење/греење.
Телефон за контакт:075/278016
Подетално за компанијата
ТЕРАКОТА ИНЖЕНЕРИНГ
Компанијата ТЕРАКОТА ИНЖЕНЕРИНГ Прилеп се занимава со: проектирање и изведба на проекти во ниско и високо градба, инвестирање, изградба и продажба на станбено-деловни објекти, како и со производство и продажба на градежни материјали - бетонски блокови, ферт греди, бекатон плочки, готов бетон со транспорт и вградување со пумпа. Покрај со материјалите од сопствено производство нашите клиенти ги снабдуваме и со сите видови градежни материјали што им се потребни за реализација на нивните проекти.
ПРОИЗВОДСТВО
ТЕРАКОТА ИНЖЕНЕРИНГ почна да работи во 1995 година со неколку вработени лица, а денес е голема компанија со повеќе од 80 работници, квалитетем инженерски и менаџерски тим кој се грижи за непречено фукционирање на компанијата и нејзиниот континуиран развој.
Производната активност на ТЕРАКОТА ИНЖЕНЕРИНГ е насочена кон производство на бетонски блокови, ферт гредички, бетонски столбови, бекатон плочки, готов бетон. Овие производи ги изработуваме со современа опрема за призводство. Располагаме со две бетонски бази за изработка на готов бетон, со капацитет од 18 м³ на час и дигитална база со капацитет од 50 м³ на час. За нормално фукнционирање на овој сегмент располагаме и со миксери за транспорт на готовиот бетон и две пумпи за негово вградување.
ПРОЕКТИРАЊЕ
ТЕРАКОТА ИНЖЕНЕРИНГ нуди проектантски услуги за сите видови објекти од високоградба, нискоградба и хидроградба, со сопствени ресурси и највисоко стручно и техничко ниво. Во процесот на проектирање посебен акцент ставаме на дизајнот, употребата на современи материјали, рационалноста и ексклузивноста на објектите.
ИЗВЕДБА
Компанијата ТЕРАКОТА ИНЖЕНЕРИНГ е оспособена за изведување на сите видови градежни работи. Ние ги реализираме вашите идеи. Располагаме со соодветна механизација за извршување на секој вид градежна активност, како и со оспособен стручен кадар.
ПРОДАЖБА
ТЕРАКОТА ИНЖЕНЕРИНГ инвестира, проектира, изведува и вселува, по принцип имотен лист на рака. Во моментов е актуелна понудата на два нови стамбено деловни објекти. Становите се проектирани со висок станбен комфор и максимална искористеност на просторот и ги нудат сите придобивки на модерното живеење.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Крушевско џаде бб, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Macedonia