Подетално за компанијата
ТЕХНОМОТО
ТЕХНОМОТО дооел е приватна фирма основана во 1993 година, од Никола Петрески, специјализирана за продажба на резервни делови и потрошни материјали за товарни моторни возила, актуелни за тоа време на македонскиот пазар, како што се: FAP, TAM, MB, Indos вилушкари...
Во 1996 година компанијата ја проширува својата дејност и почнува со конфекционирање на хидраулични црева за висок притисок, со работен притисок до 450 bar, кои наоѓаат примена во индустријата за градежни машини и товарни моторни возила.
Во 2005 година сопственикот Никола Петрески му ја преотстапува фирмата на својот син, Филип Петрески, кој ја проширува програмата со нови производи и компанијата се специјализира за продажба на резервни делови за товарни возила од програмата на: MAN, MB, SCANIA, VOLVO, DAF, BPW, SAF, ROR...
БРЕНДОВИ
КВАЛИТЕТ
ТЕХНОМОТО воспоставува контакт со компанијата Smiter Germany и по нивна технологија и инструкции почнуваме да произведуваме високо квалитетни хидраулични црева со нивни приклучоци, наменети за македонскиот пазар.
Набавките на резервни делови ТЕХНОМОТО дооел ги насочува кон високо реномирани фирми, како што се: Mahle и DPH од Германија, CEI, Eurorikambi и Erevi од Италија, од каде набавуваме високо квалитетни резервни делови, кои ги пласираме на македонскиот пазар.
ПАРТНЕРИ
УСЛУГА
Компанијата ТЕХНОМОТО дооел располага со деловен просор од 250 м², кој се наоѓа во строгиот центар на Прилеп, а во моментов работиме на зголемување на работниот простор за уште 300 м².
Сите делови што ги продаваме ги имаат потребните сертификати кои ги добиваме од производителите и секој има соодветна гаранција. ТЕХНОМОТО располага со сопствена доставна служба за испорака на резервните делови, со што нашата услуга е комплетна.
Контакт информации
Адреса
Улица: Бул. Гоце Делчев, ТЦ Македонија,
лок 18, 7500 Прилеп
Град: Прилеп
Држава: Macedonia