Filters
Пребарување
ТЕХНОДОМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ТЕХНОДОМ е водечка трговска фирма во Македонија на пазарот за продажба на компоненти за ладилни системи и ладилни уреди за комерцијално и индустриско ладење.
Единствен овлaстен дистрибутер за производите на:

- Danfoss: (ладилна техника и климатизација) термостати, пресостати, термоекспанзиони вентили, магнетни вентили, филтер-дехидратори и други компоненти за разладни и климатизациски постројки
- Maneurop: компресори и агрегатски единици за комерцијални и професионални разладни уреди 

Подетално за компанијата

ТЕХНОДОМ

Компанијата ТЕХНОДОМ е водечка трговска фирма во Македонија на пазарот за продажба на компоненти за ладилни системи и ладилни уреди за комерцијално и индустриско ладење. ТЕХНОДОМ работи исклучиво на деловниот дел од овој пазар и држи околу 65 проценти од нрго. Секојдневно се обидуваме да постигнеме повеќе со цел да го зголемиме нашето присуството на домашниот пазар, но и да излеземе во соседството.

Види повеќе
tehnodom-clubeconomy

КОМПОНЕНТИ ЗА ЛАДИЛНИ СИСТЕМИ

ТЕХНОДОМ е формиран во 1991 година и сите овие години основниот двигател ни е инсистирањето секогаш да ги понудиме најдобрите компоненти за ладилни системи, проследени со високо квалитетна техничка помош и поддршка. Нашата понуда ја сочинуваат резервни делови и компоненти за изведба на сите видови ладилни комори, ладилни витрини, ладилни системи кои користат HFC- еколошки разладни флуиди(фреони).

Види повеќе
tehnodom-clubeconomy

ОВЛАСТЕН ДИСТРИБУТЕР ЗА DANFOSS

Компанијата ТЕХНОДОМ е единствен овлaстен дистрибутер за Македонија за производите на Danfoss (ладилна техника и климатизација) термостати, пресостати, термоекспанзиони вентили, магнетни вентили, филтер-дехидратори и други компоненти за разладни и климатизациски постројки, како и за Maneurop - компресори и агрегатски единици за комерцијални и професионални разладни уреди.

Види повеќе
tehnodom-clubeconomy

Наши главни клиенти се фирмите од месопреработувачката и млекопреработувачката индустрија, трговски компании што се занимаваат со дистрибуција и продажба на прехранбени стоки, како и фирми што се занимаваат со производство, откуп и продажба на земјоделски производи.

ТЕХНОДОМ обезбедува целосна услуга, брза достава на производите до купувачите со комплетна понуда и најчесто директна продажба од лагер, за да се задоволи овој чувствителен сегмент на пазарот. Наши клиенти главно се производители или дистрибутери на храна и мора да внимаваме евентуалните загуби да се сведат на минимум, односно да се отстранат сите опасности за било какви потенцијални загуби.

tehnodom-clubeconomy

ПРОИЗВОДИ

Програмата што ја продава ТЕХНОДОМ се состои од:

  • • Компресори и кондензациски единици -вагрегати

  • • Испарувачи за разладни комори, испарувачи за ладилни витрини

  • • Кондезатори – воздушни и водени

  • • Топлински изменувачи

  • • Филтер-дехидратори, линиски компоненти за ладилните системи

  • • Термо експанзиони вентили, контролни вентили, кндикатори на влага

  • • Електронски и механички термометри, термостати, пресостати, влагостати, дефрост и други контролери

  • • Вентилатори: аксијални, центрифугални и елиси

  • • Антивибрациски цевки

  • • Полиуретански панели и хигиенски лајсни за ладилни комори според HACCP

  • • Станици за полнење на фреон, вакуум пумпи

  • • Сервисни алати за разладна опрема, електронски тест-детектори за фреон

  • • Масло за компресори (минерално и синтетичко)

  • • Бакарни цевки, бакарни фитинзи, изолација, варилни компоненти

  • • Сите видови на фреон

Основна карактеристика на нашите производи е квалитетот. Најголемиот дел од понудата се производи произведени во Европската Унија и еден мал дел во САД, Швајцарија, Јужна Кореја, Јапонија. Сите се изработени по најновите и највисоките светски стандарди и овозможуваат сигурност и доверба при вградувањето како и при користењето во системите за ладење.

БРЕНДОВИ

Сите производи се од реномирани светски производители, како што се:

  • • Dorin

  • • Danfoss

  • • Maneurop

  • • Tecumseh Europe

  • • Copeland

  • • Bitzer Germany

  • • Frascold

  • • Cubigel Compressors

  • • Embraco

  • • LU-VE Group

  • • ECO

  • • Alco Controls

  • • SWEP

  • • Refco

  • • Castel

  • • Wigam

  • • Eliwell

  • • Dixell

  • • Carel

  • • Braze Tec

  • • HIDRIA

  • • FrigoMec

  • • General Filter

  • • Wieland

  • • IBP Group

  • • IsoClima

  • • Ebm Papst

  • • MIV Insulating Systems

  • • Ziehl Abegg Germany

  • • Mobius

  • • ESK Shultze

tehnodom-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Јадранска магистрала бр. 61
(Качанички пат), 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа