Filters
Пребарување
СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА - КВАЛИТЕТ, УДОБНОСТ, ФУКЦИОНАЛНОСТ

ГРАДЕЖНИШТВО - Високоградба
Изградба на станови и бизнис објекти на атрактивни локации, по принципот клуч на рака

СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА е градежна компанија основана 2011 година. За време на нашето 14-годишно работење, СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА се најде на листата на 200 најуспешни македонски компании, направена од Европската бизнис асоцијација во Македонија.

Компанијата е активна во сегментот високоградба и веќе можеме да се пофалиме со богата урбана приказна која ја сочинуваат повеќе деловни и станбено-деловни објекти што ги имаме изградено и ги градиме во Скопје и во Прилеп. Од нив би ги издвоиле: Hill Residence 1 во Прилеп, Bjuti Business Center во Скопје, Skupi Business Center во Скопје, Porta Superium 1 и 2, Porta Superium 3, Porta Superium 4 населба Аеродром во Скопје, Porta Residence 1, Porta Residence 2 населба Аеродром во Скопје, Porta Aerodrom населба Аеродром во Скопје...

specijal-gradba-clubeconomy

Обезбедување на сигурни, квалитетни, економични и функционални објекти е нашата визија за вашиот дом. Затоа во своето работење СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА ги применува стандардите за квалитет, за зашитита на животната средина и најновите европски стандарди и иновации за современо домување.

Примарно сме ориентирани кон безбедноста на објектите, нивната енергетска ефикасност, квалитетот на градежните материјали и вградената опрема, вклучувајќи ги притоа функционалноста и естетските нормативи, како појдовна точка во процесот на создавање. Во таа насока, во објектите вградуваме градежни материјали со одлични термички, акустични и хидроизолациски својства од лиценцирани производители и градиме енергетско ефикасни објекти за заштеда на енергија и намалување на негативните влијанија врз животната средина.

specijal-gradba-clubeconomy
specijal-gradba-clubeconomy

УСПЕШНА ТУРИСТИЧКА ПРИКАЗНА ВО КРУШЕВО

Компанијата СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА продолжува да придонесува за развојот на успешната туристичка приказна во Крушево. Дел од нашата групација веќе е и познатиот бисер на Крушево, Хотелот Монтана и неговите придружни објекти, за кој е предвидена целосна трансформација во модерен планински хотел што на гостите ќе им пружи премиум релаксација.

Нашата крушевска туристичка приказна започна со успешното рестартирање на Хотелот Панорама. Оттогаш до денес, постојано ја збогатуваме понудата за сите посетители на Крушево. Го обновивме скијачкиот центар и го трансформиравме во најголем авантуристички парк во државата, со активности достапни во сите годишни времиња. Во непосредна близина на ски центарот започнавме со изградба на апартмани за сместување, со што сите посетители имаат вистинско ski-in ski-out искуство. Во рамки на понудата секогаш даваме предност на развој и користење на локалните капацитети во Крушево.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Диме Аницин бр. 4/6А, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)70/205 569

+389 (0)70/227 447

+389 (0)70/973 767 - Прилеп

Социјални медиуми

Лице за контакт