Filters
Пребарување
СОЛАР МАКЕДОНИЈА

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Македонската асоцијација за сончева енергија СОЛАР МАКЕДOНИЈА е стручно, научно, образовно и невладино здружение чија мисија е зајакнување на соработката меѓу македонските компании во секторот за сончева енергија, како и поврзување на експерти и научници од сите научни гранки за промоција и поголема искористеност на обновливите извори на енергија.Организацијата работи на секое ниво во синџирот на добавување, од производство, до сервис и одржување на сончевите енергетски системи, како и на промоција на сончевата енергија какоодржливо решение за енергетските потреби.

СОЛАР МАКЕДОНИЈА

Подетално за компанијата
solar-makedonija-clubeconomy

Подетално за компанијата

Македонската асоцијација за сончева енергија СОЛАР МАКЕДОНИЈА е стручно, научно, образовно и невладино здружение чија мисија е зајакнување на соработката меѓу македонските компании во секторот за сончева енергија (производители, изведувачи, увозници, трговци), како и поврзување на експерти и научници од сите научни гранки за промоција и поголема искористеност на обновливите извори на енергија. Организацијата работи на секое ниво во синџирот на добавување, од производство до сервис и одржување на сончевите енергетски системи, како и на промоција на сончевата енергија. Асоцијацијата СОЛАР МАКЕДОНИЈА ја сочинуваат 120 члени (поединци и компании).

Подобрување на вештините, продуктивноста и вработувањата во македонските микро, мали и среди претпријатија кои работат со соларна енергија и опрема

Со цел постигнување на максимална употреба на сончевата енергија во земјата, СОЛАР МАКЕДОНИЈА активно работи на обучување на работна сила и овозможување на добри пазарни услови за компаниите во секторот. Бидејќи СОЛАР МАКЕДОНИЈА препозна дека квалитетно изработените сончеви системи можат значително да ја зголемат успешноста на компаниите, главната цел на овој проект е воведување на експертиза и професионалност во сектор за сончева енергија.

solar-makedonija-clubeconomy
solar-makedonija-clubeconomy

Дополнително, членките на СОЛАР МАКЕДОНИЈА поседуваат долгогодишно искуство и експертиза кои ги ставаат на располагање преку работилници, директни посети, како и лобирање со цел зголемување на капацитетите на работната сила во секторот и решавање на секторските предизвици за постигнување на долгорочен раст на компаниите за сончева енергија.

СОЛАР МАКЕДОНИЈА зема активно учество и во лобирање со цел решавање на системските проблеми во сончевиот сектор, како што се посоодветно дизајнирање на шеми за субвенционирање на термални системи и намалување на царинските стапки за компоненти коишто ги оптоваруваат домашните производители на сончеви колектори.

solar-makedonija-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Вељко Влаховиќ бр. 18, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)70/205 635

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи