Подетално за компанијата
Компанијата СЕБЕК СИСТЕМ се занимава со изведување на градежни работи во нискоградба и располага со сопствено стовариште за продажба на материјали за изведување на водоводни и канализациони инсталации, бетонски елеманти, декоративен камен, декоративни огради, градинарска опрема, алат...
ИСКОП И ТРАНСПОРТ НА ЗЕМЈА, ТАМПОНИРАЊЕ, РАМНЕЊЕ, НАБИВАЊЕ
СЕБЕК СИСТЕМ располага со сопствена механизација за чистење на терен, ископ и транспорт на земја, тампонирање, рамнење и набивање на земјени површини и нивно подгорвување за бетонирање или поставување на павер елементи. Имаме тим за шалување и бетонирање и поставување на павер елементи, обучен да изведува работи по принципот клуч на рака. Се занимаваме и со ископ на базени, ископ на темели и стопи за нови градежни објекти и други слични работи.
ИЗВЕДУВАЊЕ НА ВОДОВОДНИ И КАНАЛИЗАЦИОНИ ИНСТАЛАЦИИ
Втората значајна активност на СЕБЕК СИСТЕМ е изведување примарни водоводни и канализациони инсталации, од копање на системот канали, до поставување на водоводните и канализационите цевки, затворање на каналите и партерно уредување на површините. Располагаме со сите материјали и целата опрема за изведување на овие инсталациони системи, кои, всушност, и ги нудиме во нашето складиште за градежни материјали.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Хасан Приштина бр. 1, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia