ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








САЕМОТ НА МЕБЕЛ ЗАПОЧНУВА ДЕНЕС

Саемот за мебел, како најочекувана манифестација од страна на посетителите се отвора денес, 29. март и ќе трае до 2. април. Саемот ќе се одржи во Комплекс “Борис Трајковски” во монтажни објекти и внатрешниот простор, со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mkи www.karti.com.mk

Посетителите ќе имаат можност да ја видат богатата понуда на преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти.

Саемот на мебел овозможува на едно место да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот. Туристичката агенција “Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот.

Партнер на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје.