Подетално за компанијата
РОЛОКРАФТ
РОЛОКРАФТ доо Скопје е компанија основана во 2008 година за производство на хартиени цевки од различни хартиени материјали, со димензии и карактеристики според потребите на купувачите. Во својата производсвена програма, материјалите и технологијата обезбедуваме 100% рециклирање на нашите производи. Нашата производствена програма ги вклучува следниве групи на 100 % еколошки разградливи производи: хартиени цевки, хартиени хилзни и кутии од хартиени хилзни.
ЦИЛИНДРИЧНИ УКРАСНИ КУТИИ
Цилиндричните кутии се изработуваат со хартиено и метално затворање на капакот и дното на кутијата, омотот и внатрешноста можат да бидат во различна боја, со златен печат и пластифицирани.
Асортиманот украсни кутии се состои од: кутии за часовници, подароци, накит и други производи со надворешен дезен, боја и печат. Внатрешноста дополнително може да биде обложена со сунгерест материјал.
КУТИИ ЗА ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА
Кутиите за прехранбена и друга намена се состои од широк спектар на производи наменети претежно за кондиторската индустрија, потоа како амбалажа за сол, солени и слатки кекси, средства за чистење и друго. Можат да се произведат во различни бои и облици, со печатен омот, пластифицирани, како и обложување на внатрешноста со посебни материјали по барање на клиентот.
Кутиите ги изработуваме во димензии ф – 65 мм, ф – 73 мм, ф – 82 мм и ф – 85 мм.
ХАРТИЕНИ ХИЛЗНИ
Хартиените хилзни ги произведуваме за следиве намени: премотување на стреч, АЛУ, ПЕ фолии и други намени, за самолепливи ленти, етикети, адинг ролни, како и хилзни произведени за посебните потреби за прехранбеното и индустриското производство.
Димензии и карактеристики: хилзна од ф - 12,7 мм до 100 мм, должина од минимум 10 мм, со внатрешен и надворешен омот и со можност за печатено лого по барање на клиентот.
ХАРТИЕНИ ИНДУСТРИСКИ ЦЕВКИ
Хартиени цевки за хартиена, текстилна и други индустрии, можат да бидат приоизведени од различни видови хартија, со и без печат. Хартиени цевки за производство печатење и премотување на ПЕ, ПП и други видови фолии, како и хартиени цевки за маркетинг и други активности.
Хартиените цевки се достапни во следниве димензии и карактеристики: од ф - 12,7 мм до ф – 100 мм, со дебелина на ѕид од 1,5 мм до 10,5 мм, должина до 2,5 м. Изработени од сино сив картон, шренц, крафт, флутинг, теслајнер и други материјали по барање на купувачот.
Контакт информации
Адреса
Улица: Јадранска магистрала бб, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia