Filters
Пребарување
Р.О.Г. дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата Р.О.Г. се занимава со производство на градежни материјали за завршни работи во градежништвото и продажба на големо и мало на:

- Глет маси, поликолори, подлоги
- Бои и лакови
- Плочки 
- Лепила за плочки и фасади 
- Изолациони материјали 
- Цемент, усјемал, машински малтери 
- Сепариран песок, чакал
- Алати
- Молерофарбарски услуги

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Градежни компании, молерофарбарски претпријатија, трговци со градежни материјали и бои и лакови

Подетално за компанијата

Р.О.Г.

Компанијата Р.О.Г. дооел од Скопје е формирана во јануари 1993 година и во своето повеќе од дваесет и пет годишно постоење успеа да изгради имиџ на препознатливост на пазарот, првенствено по високиот квалитет на производите што ги произведува.

Основната дејност на Р.О.Г. дооел е производство на градежни материјали за завршни работи во градежништвото и продажба на големо и мало на: глет маси, поликолори, подлоги, градежни лепила, лепила за плочки и фасади, лепило за тапети, бои и лакови, плочки, изолациони материјали, цемент, усјемал, машински малтери, сепариран песок, чакал, алати и други материјали за завршни работи во градежништвото. Р.О.Г. се занимава и со изведување на молеро-фарбарски работи.

rog-clubeconomy

ПРОИЗВОДИ

РОГ ПОДЛОГА - Средство за импрегнација на површини од вар, цемент, продолжен малтер, како и на порозни површини.

РОГ ГВ ГЛЕТ - Смеса за израмнување на грубо малтерисани внатрешни површини, со големина на зрно до 0,6 мм

РОГ ВРСКА СН - Водоотпорен додаток наменет за подобрување на физичките својства и лепливоста на бетонските и малтерските смеси. Има примена при изработка на подови, кошулици, репарација на бетони и малтери, за подобрување на лепливоста на малтерот за лепење на керамички плочки, за изработка на предпремази при полагање на цементни мешавини

РОГ ТАПЕТОЛ – Лепило за тапети, хартија

РОГ ПОЛИГЛЕТ В - Глет маса, смеса за израмнување на внатрешни површини

РОГ РАДИКОЛ - Гипсано лепило за бандажирање, лепење ќош лајсни, лепење гипсани лајсни и декорации

РОГ бел цемент

РОГ ПОЛИГЛЕТ ФАС - Фасадна глет маса за израмнување (глетување) на фасадни, бетонски и малтерисани површини

РОГ ГИПС ГЛЕТ - Маса за израмнување на груби ѕидни и тавански површини од бетон, сипорекс

rog-clubeconomy
rog-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Македонско-косовска бригада
бр. 87 б, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Г-дин Оливер


Мапа