Filters
Пребарување
ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ се занимава со производство на саксиско цвеќе. Продажба на големо и мало на сите видови цвеќиња и зимзелени растенија. Сопствено производство на:

- Питунии
- Бегонија
- Магнолија
- Хибискус
- Примула 

и многу други...

ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ

Компанијата ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ од село Владевци, Струмица се занимава со производство на садници за декоративни зимзелени и листопадни дрва, како и со производство на саксиско цвеќе за уредување на дворови од приватни куќи, деловни објекти, јавни површини и секаков вид ентериери. Најголем дел од декоративните растенија и саксиското цвеќе се од наше производство, кое се одвива во оранжериите и пластениците што ги имаме во село Владевци, во кои работиме според најновите стандарди, следејќи ги светските трендови во хортикултурата.

rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy
rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy

производство

Дел од нашите капацитети се опремени и за зимско производство на декоративни растенија и саксиско цвеќе, што ни овозможува на пазарот да настапуваме преку целата година. ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ во својата понуда има и увозно цвеќе и декоративни растенија, кои се помал сегмент од нашата активност, но ни ја комплетираат понудата и ни овозможуваат да ги задоволиме и најспецифичните и најесклузивните барања на клиентите.

rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy
rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy

хортикултурно уредување

Покрај со производство и со увоз на декоративни растенија и саксиско цвеќе тимот на ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ се занимава и со проектирање и целосна реализација на проекти од хортикултурно уредување и изведба на системи за нивно наводнување, за дворови од куќи, дворови на стопански и деловни овјекти и јавни површини. Од неодамна понудата ја заокруживме и со проектирање и изведување на хортикултурно уредување на ентериери, како и со фортикултурна поддршка на разни настани и прослави.

дистрибуција

ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ располага со сопствена дистрибуција за територијата на цела Македонија, за што имаме и соодветен возен парк. Што се однесува за асортиманот во понудата се опфатени сите видови декоративни зимзелени и листопадни растенија, потоа саксиските цвеќиња кои се традиционално присутни на овие простори, од кои би ги издвоиле сарделата, бегонијата, петунијата, но и магнолијата, хибискусот, примулата...

rasadnik-ristovi-ir-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Владевци, 2411 Василево, Струмица
Град: Струмица
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт