Подетално за компанијата
Компанијата ПРИНЦИП КОМЕРЦ се занимава со преработка и конзервирање на овошје и зеленчук. Нашите почетоци датираат од далечната 1994 година и денес можеме да кажеме дека сите овие години бележиме подем во својата работа, капацитетот, асортиманот, уделот на пазарот... Во 2003 година работењето го проширивме со нов современ производствен погон во кој се врши финална доработка и пастеризација на производите, според најсовремените техничко–технолошки процеси и примена на најстрогите стандарди за хигиена и квалитет до готовите производи.
Погонот се наоѓа во село Давидово, гевгелиско, во срцето на македонското градинарско и овоштарско производство. Тоа ни овозможува зеленчукот и овошјето, одгледувани во еколошки чиста средина, свежи и во најквалитетна состојба да дојде во нашиот погон, веднаш да бидат преработени и потоа да стигнат до потрошувачите. Ваквата организациска постставеност и целиот наш ангажман во откупот, селектирањето и процесот на преработка ни дава право да кажеме дека произведуваме ена од најквалитетните зимници на пазарот.
ПРОИЗВОДИ
Маслинки
ПРИНЦИП КОМЕРЦ нуди повеќе видови маслинки во различно пакување, како и маслиново масло (Екстра девствено маслиново масло и Помас масло).
Шампињони
Феферони
Корнишони
Слаткото ПРИНЦ ТАТЛИ - совршено добредојде за секој гостин
ПРИНЦИП КОМЕРЦ го произведува ПРИНЦ ТАТЛИ слаткото од зрели смокви направено по најдобрите стари рецепти. Смоквите се грижливо одбрани и потоа со многу љубов и внимание во подготовката добивме најквалитетно, целосно природно слаткото од смокви. Палетата ПРИНЦ ТАТЛИ опфаќа и слатка од: вишни, малини, капини, боровинки, јагоди, дуња, дива смоква.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Перо Наков бр.8, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia