Filters
Пребарување
ПОПЕ КОМПАНИ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ПОПЕ КОМПАНИ доо Скопје, е трговско друштво кое веќе долги години наназад нуди комплетно рекламно решение и реализиција на сите идеи за рекламирање на своите клиенти.

Увоз и продажба на рекламни материјали преку застапување на повеќе светски брендови:
- FRUIT OF THE LOOM, текстилен гигант од САД, маички, блузони, кошули… RUSSEL, јакни, елеци…
- ATLANTIS, италијанскиот синоним за капи со најголем избор на капи, шалови, ракавици…
- RITTER PEN, германскиот производител на прибор за пишување со висок квалитет
- GAMAX шпанскиот производител на беџoви, привезоци и значки
- UNILITE и TOM, високо квалитетни запалки
- BEST, сопствен бренд за чаши, хартиени кеси, пенкала, врвки, ИД картички...

ПОПЕ КОМПАНИ доо

Подетално за компанијата
 

ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА ЗА ПРОДАЖБА НА РЕКЛАМНИ МАТЕРИЈАЛИ НА ГОЛЕМО
со уредно прикажани
цени и залихи

promocija.com.mk
pope-company-clubeconomy
pope-company-clubeconomy
pope-company-clubeconomy
pope-company-clubeconomy
pope-company-clubeconomy
pope-company-clubeconomy

Подетално за компанијата

Повеќе од 3000 задоволни клиенти

ПОПЕ КОМПАНИ доо Скопје е трговско друштво кое веќе долги години наназад нуди комплетни рекламни решениија и реализиција на сите идеи за рекламирање на своите клиенти.

На почетокот печатењето беше нашата основна дејност. Со достигнување на совршенството на сито печатот, неопходен беше дополнителен развој, како со сопствено производство, така и со почеток на увоз на рекламни материјали преку застапување на повеќе светски брендови во нашата земја меѓу кои:

  • • Tекстилниот гигант од САД FRUIT OF THE LOOM, маички, блузони, кошули... RUSSEL, јакни, елеци…

  • • Италијанскиот синоним за капи ATLANTIS, со најголем избор на капи, шалови, ракавици...

  • • Германскиот производител RITTER PEN, прибор за пишување со висок квалитет.

  • • Шпанскиот производител GAMAX, беџoви, привезоци и значки кои се секојдневие во промотивниот свет.

  • UNILITE и TOM високо квалитетни запалки незаменлив дел од секоја рекламна кампања.

  • BEST сопствен бренд за чаши, хартиени кеси, пенкала, врвки, ИД картички со најдобри цени на пазарот и постојано проширување на сегментот.

соработка

Преку директна соработка со производители во ЕУ и Кина и соработка со големи европски добавувачи за рекламни материјали и деловни подароци, ПОПЕ КОМПАНИ ја зголеми својата палета на производи, понуди најголем избор на артикли, а со постојано зголемување на залихите во својот магацин прерасна во лидер во областа на рекламната и промотивна индустрија во државата. Со својата капитална инвестиција во сопствен модерен објект докажа дека го заслужува тоа место и подготвеност за иден развој.

pope-company-clubeconomy
pope-company-clubeconomy

Историја

Се започна во 1997-та година како мал фамилијарен бизнис, за во 2002-та фирмата да прерасне во претпријатие со сигурно поставени основи и нови инвестиции во опрема за работа. Секоја следна година со се поголеми инвестиции, со повеќе работни часови, постојана обука и учење на вработените, ангажирање на нова работна сила, завземаме се поголем дел од пазарот.

Зошто ПОПЕ КОМПАНИ?

  • • Површина на објект од 1020 м²

  • • Паркинг простор, повеќе индустриски влезови за товарни и лесни возила

  • • Show Room од 100 м²

  • • Сопствен каталог за артикли на лагер секоја година

  • • Каталози за нарачка на 100 000 различни артикли од нашите брендови

  • • Магацински простор со современ racking систем за палетирање на стоките

  • • 500 различни артикли на залиха од промо индустријата

  • • Вкупно 500 000 разни рекламни материјали во секој момент на залиха

  • • Достава со сопствени комерцијални возила

  • • Извозно ориентирани во блиските земји од регионот

pope-company-clubeconomy

ВИЗИЈА

Да бидеме лидери и синоним за компанија која стално поставува високи стандарди во продажбата на рекламни материјали и промотивни деловни подароци

МИСИЈА

Нашата понуда секогаш да биде прв избор на клиентите што препознаваат квалитет на производи и услуги, а со цел за вистинска промоција на своите брендови

ВРЕДНОСТИ

Не правиме компромис со квалитетот во чекор со времето што доаѓа. Искрен и сигурен партнер со високо ниво на одговорност. Посветени кон клиентите. Добро ги познаваме нашите производи. Играме како тим. Почитување на искрен однос. Поттикнуваме личен развој. Професионалност е важна алка во синџирот.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Горно Лисиче бр.210, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи