Компанијата НУР-ТРАНС од тетовското село Стримница, во близина на Желино претставува познато име во градежната индустрија во полошкиот и скопскиот регион. НУР-ТРAНС произведува секаков вид готов бетон, со врвен квалитет и по најсовремена технологија. Фирмата располага со модерни италијански машини за производство на бетон кои ги имаат сите сертификати и атести за квалитет, неопходни при производството на бетон во Европската Унија. НУР-ТРАНС го има заокружено целиот производен процес, потоа транспортот на бетонот до градежните објекти, како и неговото транспортирање со специјални пумпи во самите градежни инсталации.
Официјален дистрибутер на турските компании
-
• BETONSTAR - Сервис и делови за бетонски пумпи
-
• MRM CONCRET BATCHING PLANTS - Продажба на нови бетонски бази
-
• LIYA TEST LABORATORY - Опрема за испитување на градежни материјали: цемент, песок, асфалт, земја
-
• ZIM CONCRET PAVER AND BLOCK MACHINES - Машини за производство на бетонски елементи
Подетално за компанијата
НУР-ТРАНС & БЕТОН
На овој начин компанијата може да одговори и на најкомплицираните барања на клиентите, со врвен квалитет и во најкратки рокови. Воедно, фирмата располага и со значаен капацитет, како во производството, така и во транспортот и во трансмисијата на бетонот, што и дава можност да одговори на барањата на клиентите и при изградба на градежни објекти со поголем обем.
За да може непречено да им излезе во пресрет на инвеститорите НУР-ТРАНС, покрај тоа што располага со сопствена линија за производство на бетон со врвен квалитет и значаен капацитет - 135 m3/h, располага и со три багери, пет миксер камиони MAN со капацитет од 6 до 10 метри кубни, потоа со две пумпи за бетон, со кои целосно се заокружува услугата што му се дава на клиентот при бетонирањето. За непречено производство НУР-ТРАНС има и сопствен шлепер и цистерна за цемент.
Компанијата НУР-ТРАНС е претпријатие во приватна сопственост, формирано во март 1997 година. На почетокот основна дејност му беше трговија и транспорт на песок, а од 2002 година почна и со продажба на градежни машини увезени од Германија. Со производство и транспорт на готов бетон НУР-ТРАНС почна да се занимава од 2003 година, а денес во овој сегмент се ангажирани речиси сите капацитети на компанијата.
Контакт информации
Адреса
Улица: Село Стримница, 1226 Желино, Тетово
Град: Тетово
Држава: Macedonia