Filters
Пребарување
НИПРОМ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата НИПРОМ се занимава со:

- Производство на врати и прозорци
- Производство на врати од фурниран медијапан, иверица, фурнирани собни врати
- Производство на масивна столарија со врвен квалитет

Подетално за компанијата

НИПРОМ ДОО

НИПРОМ ДОО е компанија која се занимава со производство на столарија изработена од високо-квалитетно дрво. Нашата основна дејност е производство и трговија со високо- квалитетни собни врати од медијапан обложен со природен фурнир и таблени врати од масивно дрво, како и надворешна масивна столарија- врати и прозорци. На македонскиот пазар сме повеќе од 20 успешни години почнувајќи од далечната 1993та.

Во НИПРОМ ДОО денес работат повеќе од 50 вработени, вклучени во организационата структура на нашата компанија, производството и продажбата. Изработувањето на нашите производи се прави по последните ИСО стандарди и со најсовремена технологија во сите фази од производството. За нашите клиенти ова значи гаранција за квалитет и долготрајност. Кај нас секоја врата и прозорец си има своја историја, свој живот и секоја од нив совршено си го наоѓа своето место во вашите домови и јавни објекти. Работата на НИПРОМ претставува успешен спој на следење на светските трендови во областа на производството на внатрешна и надворешна столарија и доаѓање во пресрет на Вашите желби и замисли.

niprom-clubeconomy
niprom-clubeconomy

ЗОШТО ОД ДРВО?

Со векови дрвото, поради своите извонредни карактеристики на топлотна и звучна изолација е предпочитан материјал за производство на врати и прозорци. Неговата применливост е трајно вградена во развојот на новите производи за иднината.

“Дрвото е обновлив ресурс. Добиено од грижливо поддржани шуми и со превземени мерки за неговата заштита, со избирање на соодветни бои и лакови, дрвените врати се најдобриот еколошки избор„

Многу одамна веќе на вратите и прозорците од дрво не се гледа како на “краткотрајни и бараат многу одржување„ , бидејќи дрвото има докажано дека може да ги надживее сите други материјали. Понудата на Нипром е видови дрво, кои се имаат докажано со своите механички квалитети.

niprom-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Индустриска зона Добрејци, 2400 Струмица
Ул. Антон Попов бр. 1 - Изложбен салон во Скопје
Град: Струмица
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)34/354 644

+389 (0)2/3227 644 - Салон во Скопје

+389 (0)72/218 644

+389 (0)70/253 644

+389 (0)70/837 174 - Во Скопје

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа