Filters
Пребарување
НИКСИ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

МЕСНА ИНДУСТРИЈА НИКСИ

Модерна фабрика за преработка на месо со најсовремена технологија и опрема, што ги задоволува европските стандарди.
Производство на барени, полутрајни и чадени полутрајни производи од месо со врвен квалитет: салами, шунки, колбаси, виршли, суџук, печеница, врат, сланина, ребра...

КОЈ ПРОБАЛ ТОЈ ЗНАЕ!

СЕРТИФИКАТИ

HACCP
ISO 22000 : 2005

Подетално за компанијата

Месна индустрија НИКСИ - КОЈ ПРОБАЛ ТОЈ ЗНАЕ!

Месната индустрија НИКСИ дооел од Куманово располага со современ објект и технологија која ги задоволува најстрогите европски стандарди. Компанијата остварува производство кое ја задоволува домашната пазарна побарувачка. За своите месни преработки користи месо од европски кланици и домашни добавувачи, кои со сигурност одговараат на стандардите за квалитет и безбедност на суровината.

niksi-clubeconomy
niksi-clubeconomy

Производна програма

Производната програма на НИКСИ се состои од барени, полутрајни и чадени полутрајни производи од месо со врвен квалитет.
БАРЕНИ ПРОИЗВОДИ: пилешки витшли, пилешки виршли со кашкавал, пилешка посебна, пилешки паризер, пилешки паризер со кашкавал, алпска, свинска посебна, пилешка шунка, свинска шунка, пилешки колбас, сафалада.
ПОЛУТРАЈНИ ПРОИЗВОДИ: суџук, кумановски суџук, говедски колбас, ловечки колбас, скараџиски колбас, мортадела.
ЧАДЕНИ ПРОИЗВОДИ: свински врат, свинска печеница, хамбургшка сланина, свинска плешка, свински пафлак, свинско ребро со коска, свински буткици, свински коски, мисиркин копан, мисиркин карабатак, пилешки стек, пилешки батак, пилешко филе.

Сертификати

Деловниот објект на НИКСИ е изграден во модерен стил, со сите предуслови за работа кои се во согласност со националните и ЕУ стандардите за безбедност на храна и квалитет на производите. Компанијата има имплементиран НАССР систем, сертифициран од International Technical Alliance I.T.A. S.r.l. Воедно го поседуваме и ISO 22000 : 2005 сертификатот од SOCOTEC Certification. Ова е доказ дека компанија внимава и се грижи за квалитетот на своите производи со цел потрошувачите да бидат задоволни.

niksi-clubeconomy
niksi-clubeconomy

сопствена дистрибутивна мрежа

Во однос на продажбата Месна индустрија НИКСИ има сопствена дистрибутивна мрежа, производите ги доставуваме до потрошувачите со специјлни возила, низ цела територија на Македонија. Сите овие години Месна индустрија НИКСИ се води по своите приоритетните цели, а тоа се врвен квалитет, задоволни потрошувачи, модернизација и усовршување.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. 75, бр. 8, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа