Filters
Пребарување
МК-ЕКОПАК

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МК-ЕКОПАК се занимава со производство на:

- Хартиени кеси (брендирани и комерцијални)
- Картонска амбалажа
- Графички дизајн
- Висококвалитетно печатење

Подетално за компанијата

МК-ЕКОПАК

Менаџментот на МК-ЕКОПАК е со 30 годишно искуство во претприемаштвото во графичката индустрија, a како посебна фирма компанијата е основана во декември 2008 година и успешно работи на пазарот во Македонија и Балканот. МК-ЕКОПАК е специјализирана за производство на хартиени кеси и картонска амбалажа, но истовремено работи и графички дизајн, производството на печатени материјали со врвен квалитет, како и професионалната доработка. Денес компанијата нуди целосна услуга, од креативен дизајн, потоа висококвалитетно печатење, користење на најквалитетни материјали, до професионална доработка на финалните производи, со единствена цел да ги задоволиме барањата на нашите клиенти. Се занимава и со продажба на репроматеријали, како што се полипропиленските фолии (сјајни, метализирани и мат).

МК-ЕКОПАК располага со врвна технологија за офсет печатење, офсет машини за печатење од најреномирани производители: Heidelberg, Komori, Roland (4 и 5 бојни), во B1. Во одделот за доработка располага со машини за пластифицарање, spot UV лакирање, злато печат и штанцање.

Види повеќе
Image Description
Image Description

ХАРТИЕНИ КЕСИ

МК-ЕКОПАК произведува хартиени кеси за модната, козметичката, прехрамбената индустрија, и кеси за широка потрошвачка, односно брендирани и комерцијални кеси. Кесите се изработуваат од висококвалитетна хартија. Според потребите и желбите на клиентите се доработуваат со разни техники: пластифицирање (со сјајна или мат фолија), нанесување на лак со spot UV технологогија, печатење со златна фолија (златопечат), нанесување на релјеф... Имааме голем асортиман на рачки, во разни бои и дезени, кои можат да бидат изработени и по нарачка.

КАРТОНСКА АМБАЛАЖА

МК-ЕКОПАК произведува картонска амбалажа за козметичката, прехрамбената, фармацевтската, тутунската индустрија... и амбалажа за широка потрошвачка. Амбалажата се изработува од повеќе видови картон со висок квалитетoт. Според потребите и желбите на клиентите амбалажата се доработува со разни техники: пластифицирање (со сјајна или мат фолија), нанесување на лак со spot UV технологогија, печатење со златна фолија (златопечат) и нанесување на релјеф.

Image Description
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Коле Канински бр. 5-а, 7000 Битола
Град: Битола
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт