Filters
Пребарување
МИ-МАК доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МИ-МАК се занимава со проектирање, надзор, ревизија и изведба на: 

- Индустриска автоматизација
- KNX автоматизација
- Електрични инсталации
- Осветлување
- Електрични мерења

СЕРТИФИКАТИ

SIEMENS Certificate
KNX Certificate - за автоматизација на објекти
HACCP

mi-mak-clubeconomy

Ел.Инсталации

Инсталации со висок среден или низок напон...
 
 

Види повеќе →

mi-mak-clubeconomy

Ел.Панели

Дизајн, производство, проектирање, монтажа, инсталација и пуштање во употреба електрични панели...
 

Види повеќе →

mi-mak-clubeconomy

Автоматика

Планирање и проектрирање, изведба на централизирани системи, софтвер мониторинг, процесна контрола на индустриска и зградна автоматика

Види повеќе →

mi-mak-clubeconomy

Соларни Централи

Изведба на Соларни фотонапонски централи за Деловни и Индустриски објекти Соларни фотонапонски централи за домакинства и викендици

Види повеќе →

mi-mak-clubeconomy

Видео Надзор

Поставувањето на системи за вршење видео надзор на домаќинства деловни или индустриски објекти преку мобилен телефон...

Види повеќе →

mi-mak-clubeconomy

Алармни Системи

Инсталација на најсовремени алармни системи, комплетни безбедносни решенија со можност на следење пруку мобилен телефон...

Види повеќе →

Подетално за компанијата

МИ-МАК доо е компанија со повеќедецениско искуство во областата на електричните инсталации, изработка на електрични панели и системи за идустриска автоматизација. Наша цел е задоволување на барањата на клиентите заедно со обезбедување професионални и квалитетни услуги. Со своите решенија целиме да обезбедиме зголемена сигурност и безбедност, да постигнеме поголема удобност и да воведеме заштита на електрична енергија.

Со повеќе од 25 години искуство компанијата МИ-МАК зад себе има над 500 успешни проекти во областите на:

  • • Изведба на електрични инсталации на објекти од А и Б катергорија

  • • Изведба на системи за домашна и зградна автоматизација

  • • Изведба на системи за индустриска автоматизација

mi-mak-clubeconomy

МИ-МАК испорачува комплетни решенија од областа на електротехниката, индустриска и зградна автомацизација, по систем „клуч на рака“. Понуда вклучува: проектирање, монтажа, дизајн, развој на софтвер, мониторинг, обука и одржување.

Изработуваме стандардизирани проекти според вашите потреби. Обезбедуваме комплетна техничка документација и гаранција за сите проекти. Проектираме и произведуваме електрични ормари и панели за автоматизација на сите ваши индустриски проекти. Изработуваме софтвер и визуелизација според потребите на клиентот. Обезбедуваме мониторинг на далечина за брзо и ефикасно отстранување на дефектите.

Тимот на МИ-МАК го сочинуваат висококвалификувани техничари и инженери кои брзо, ефикасно и професионално го пуштаат погонот во работа. Обезбедуваме обука на операторите за ракување и одржување на опремата. Нашите технички лица стојат на располагање за било каков проблем или советување.

mi-mak-clubeconomy
mi-mak-clubeconomy

МИ-МАК е специјализиран и за испорака на трајни решенија во областа на процесна контрола, индустриска и зградна автоматика. Автоматизацијата на самите процеси ја зголемува ефикасноста, доверливоста и ја минимизира веројатноста за грешка.

Во индустријата имаме успешна реализација на стотина проекти кои почнуваат од планирање и проектирање, изведба на централизирани и дистрибуирани системи, софтвер, визуелизација, мониторинг и далечинско следење на процесите преку PLC, DCS, SCADA во различни индустрии. Нашата компанија е сертифициран KNX партнер и има успешна реализација на паметни домови во земјава и странство. Нудиме паметна контрола на осветлување, управување на ролетни, алармни системи, системи за ладење и греење, потрошувачка на електрична енергија...

МИ-МАК обезбедува дизајн, производство, монтажа, инсталација и пуштање во работа на инсталации со висок, среден и низок напон. Нашата понуда се движи од опрема за напојување (трансформатори, агрегати и уреди за непрекинато напојување), ормари за дистрибуција на електрична енергија, до MCC кабинети.

МИ-МАК е специјализиран и сертифициран за изградба на MCC кабинети. Врз основа на спецификациите на проектот или вашите барања, ние дизајнираме, произведуваме, составуваме, инсталираме и пуштаме во употреба MCC-a кои можат да се контролираат локално, визуелно, како и далечински кога се поврзани со PLC. Покрај МCC кабинетите, реализираме секаков вид на панели, за внатрешна и за надворешна употреба.

mi-mak-clubeconomy
mi-mak-clubeconomy

ПАРТНЕРИ

Соработката со водечки светски производители на опрема и услуги во оваа област ни овозможува да ги обезбедиме најдобрите можни решенија за клиентите и да го зголемиме нивниот квалитет, производен капацитет и конкурентност на пазарот. МИ-МАК има привилегија да работи со угледни клиенти и партнери како што се: Siemens, Rittal, Phoenix Contact, Beckhoff, Schneider electric, Weidmuller, Wago, FATEK, Beijer electronics, Meanwell, Finder, Danfoss, Nidec Control techniques, Yaskawa, FTG Germany, ETI...

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Индустриска зона, с. Зубовце, 1238 Врапчиште, Гостивар
Град: Гостивар
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Милан Алексоски +389 (0)75/378 901
Младен Алексоски +389 (0)75/415 018


Мапа