Filters
Пребарување
МЕГА ТЕХНИКА дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МЕГА ТЕХНИКА се занимава со увоз и продажба на:

- Градежна механизација
- Работни приклучоци за градежни машини
- Резервни делови
- Сервис

МЕГА ТЕХНИКА дооел

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

МЕГА ТЕХНИКА нуди набавка на нови и користени градежни машини, работни приклучоци и резервни делови за градежна механизација. Без разлика дали купувате нова или користена машина, ние ви нудиме комплетна услуга: сервис, резервни делови и работни приклучоци.

mega-tehnika-clubeconomy

ГРАДЕЖНИ МАШИНИ

Во опсегот на нашата понуда се: багери со гасеници, багери со тркала, натоварувачи со тркала, комбинирани натоварувачи/ровокопачи, грејдери, компактни багери со гасеници, компактни натоварувачи со тркала, компактни натоварувачи со гасеници, ваљаци, финишери за асфалт, глодалки за асфалт, зглобни дампери, телескопски манипулатори и други машини.

Нашата врска со клиентот продолжува и после продажбата на машината. Обезбедувањето на резервни делови и сервисна поддршка за секоја купена машина, без разлика дали се работи за нова или користена машина, се обврска и приоритет во понатамошната соработка со клиентите. За секоја нова машина, во зависност од моделот, нудиме фабричка гаранција од 12 до 60 месеци! Секоја користена машина претходно е проверена од стручна овластена екипа на нашиот добавувач.

mega-tehnika-clubeconomy
mega-tehnika-clubeconomy

РАБОТНИ ПРИКЛУЧОЦИ

Работните приклучоци се наша специјалност! Без разлика дали се работи за хидрауличен чекан, сврдел, глодалка за асфалт или корпа со посебна намена - ние имаме решение за Вашето барање. ДУРИ И ПОВЕЌЕ ОД ТОА. Доколку имате специфично барање, тука сме да Ви помогнеме! Нудиме набавка на специјални работни приклучоци - конструирани според Вашите специфични барања. Претставници сме на реномирани фирми со врвен квалитет како: SOOSAN, AUGERTORQUE и други.

Без разлика дали работниот приклучок ќе се монтира на багер, натоварувач, комбинирана машина или компактен натоварувач, ќе Ви понудиме оптимално решение. Со правилен избор на работни приклучоци Вашата машина станува мултифункционална, со што штедите финансиски средства за купување на повеќе специјализирани машини. И не само тоа, заштедувате и на транспортирање, потрошувачка на гориво, одржување!

РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Вршиме набавка на резервни делови за сите познати градежни машини. Ви нудиме набавка на комплетни мотори, менувачи, оски и хидраулични компоненти. Нудиме широк асортиман на потрошни материјали за повеќе познати марки на градежна механизација од залиха: масла, филтери, заби за корпи, трансмисиони ремени...

Доколку бараниот дел го немаме на залиха, ќе го набавиме со најкраток рок на испорака.

mega-tehnika-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Христо Татарчев бр. 47J, лок. 7, Кисела Вода, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Петар