Подетално за компанијата
Марката MAXTE е основана во 2008 година во градот Виница. Целта беше да создадеме висококвалитетна долна облека за секојдневна употреба, која ќе може да се продава и на пазарите низ Европа и светот.
Со избор на висококвалитетни материјали и со помош на искусен тим кој долги години работи во индустријата за долна облека го создадовме брендот MAXTE, кој со својата есклузивност и одличните модели за кратко време беше прифатена од сопствениците во малопродажната мрежа, а потоа и од клиентите. Оттогаш, MAXTE произведува висококвалитетна долна облека за стотици илјади задоволни клиенти.
Дизајнирана за секоја пригода
Планирате да одите во теретана, на забава или се подготвувате за деловен состанок? Дали сте родител кој балансира помеѓу семејството и работата? Или, сте сингл со напорна агенда секој ден? Што и да ви подготви денот, нашата долна облека со врвен квалитет ќе ви обезбеди удобност 24 часа на ден.
Со децениското искуство, изостреното чувство за трендовите и големата страст во создавањето и растењето на брендот, MAXTE ви гарантира дека ќе добиете удобна и висококвалитетна долна облека за секоја пригода. Откријте го широкиот избор на женска и машка долна облека и пронајдете го омиленото парче во онлајн продавницата MAXTE.
Задоволни клиенти
Продажната мрежа MAXTE од ден на ден расте и бројот на задоволни клиенти станува сė поголем. Со продажба преку Интернет, ние сме подготвени да ги направиме производите достапни низ целиот свет. Од самиот почеток, наш врвен приоритет беше да создадеме армија задоволни клиенти кои обожуваат да носат MAXTE долна облека, но и кои повторно и повторно се враќаат за да го купат своето омилено MAXTE парче.
Со гордост можеме да кажеме дека успеавме во ова.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Маршал Тито бр. 116 д, 2310 Виница
Град: Виница
Држава: Macedonia