Filters
Пребарување
МАНЕКС доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата МАНЕКС се занимава со:

- Трговија на големо и мало со расветни тела - лустери, плафоњерки.
- Генерален застапник за брендовите: ARTEMIDE, FOSCARINI, EGLO, CASA LUCE, OZCAN, PELSAN, SIGNIFY (PHILIPS), PETRIDIS, FLOS, BRAYTRON 

Подетално за компанијата

МАНЕКС

МАНЕКС е современа компанија која нуди широк спектар на расветни тела за станбен и деловен простор, со модерен и декоративен дизајн. Нашата основна цел е во Македонија да ги донесеме високо реномираните европски компании за производство на расветни тела, станувајќи нивни застапници. Во своето долгогодишно постоење од обични продавници прераснавме во синџир салони со голем асортиман расветни тела.

За да го осветлите вашиот дом и градина, или вашиот деловен простор, според своја желба и потреба, решението побарајте го кај нас. Ние ќе ви понудиме производи кои совршено одговараат на вашите потреби за осветлување.

Види повеќе
manex-clubeconomy

POWER LED ОСВЕТЛУВАЊЕ

Располагаме со расветни тела со добар квалитет и со пристапни цени, но и со најновите производи во кои е вградена технологијата на иднината во осветлувањето. Следејќи ги светските трендови ги заменуваме традиционалните светилки со жаречко влакно со новите Power led светилки. На нашите купувачи им овозможуваме да се снабдат со модерно дизајнирани тела за осветлување за нивните кујни, дневни соби, трпезарии, детски соби и други простории во домот, но и расветни тела за надворешно осветлување. Со нашиот високопрофесионален тим секогаш сме подготвени на потрошувачите да им ги понудиме сите нови технологии, солуции и решенија, за да го направат својот дом многу попријатно место за живеење.

Види повеќе
manex-clubeconomy

ПАРТНЕРИ

Новите светски трендови во осветлувањето, всушност, во голем процент ги диктираат компаниите кои ги застапуваме, како што се: Artemide, Foscarini, Eglo, Casa Luce, Ozcan, Pelsan, Signify (Philips), Petridis, Flos, Braytron..., што не става во позиција на клиентите да им понудиме можност сегогаш да го одберат најновиот и вистинскиот производ. За таа цел користиме стручно дизајнирани каталози и нашата интернет страница, со што им помагаме на купувачите, во согласност со своите стилови да го дизајнираат осветлувањето на своите домови или деловни простории, избирајќи го видот, обликот, бојата и ефектот на осветлувањето.

Види повеќе
manex-clubeconomy

ISO СТАНДАРДИ

Сите производи што ќе ги купите во салоните на МАНЕКС ги задоволуваат пропишаните ISO стандарди и имаат јасно означен стандард. Покрај тимот кој во секој момент е подготвен да ви помогне да ги реализирате вашите желби, компанијата располага и со тим на електричари и монтери кои вашите идеи и замисли ќе ги направат реалност и ќе ви обезбедат безпрекорно осветлување.

Види повеќе
manex-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Места бр. 16,
Чаир, 1000 Скопје - Објект 1
Ул. Кримска бр. 38 А,
Чаир, 1000 Скопје - Објект 2
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)2/2601 602

+389 (0)2/2642 742 - Објект 2

+389 (0)2/2617 135 - Објект 1

+389 (0)2/2627 020 - Објект 2

+389 (0)70/388 775 - Објект 1

+389 (0)70/244 375 - Објект 2

Социјални медиуми

Лице за контакт

Сафет Османи


Мапа