Подетално за компанијата
БЕЛОТО ЗЛАТО од недопрената природа на Горнореканскиот регион
Традицијата на одгледување овци и производството на овчо сирење и кашкавал во семејството Софрониевски е пренесувана од колено на колено генерации наназад. Нашите производи се одликуваат со висок квалитет кој се должи токму на големото искуство, еколошки чистиот регион и начинот на преработка на млекото. Годишното производство од над 20 тони сирење и бројката од 3000 грла овци, се уште еден доказ за квалитетот и побарувачката на нашите производи.
Патот на нашето сирење и нашиот првокласен кашкавал започнува во бачилото во село Бродец, во Мавровскиот регион, сместено на 2000 метри надморска височина. Од недопрената природа богата со зелени пасишта и разновидни билки, чистата планинска вода и воздух се добива најквалитетното млеко. Патот на млекото продолжува во мандрата каде нашиот мајстор, преку тајните на својот занает и долгогодишното искуство, ова млеко го преработува во највкусно сирење и кашкавал, по што сме познати на пазарот.
Направете разлика, вкусете традиционално произведено сирење и кашкавал.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Населба Млаки 2/62, 1230 Гостивар
Град: Гостивар
Држава: Macedonia