Подетално за компанијата
МАЛЕШЕВО МИЛК
Млекарницата МАЛЕШЕВО МИЛК, која постои од 2013 година, се занимава со преработка на млеко и производство на првокласно:
-
• Кравјо сирење
-
• Кравјо биено сирење
-
• Кравјо сирење со пиперка
-
• Жежено кравјо сирење
-
• Мешано сирење
-
• Овчо сирење
ЕКОЛОШКО ОВЧО И КРАВЈО МЛЕКО
МАЛЕШЕВО МИЛК како суровина го употребува најубавото еколошко овчо и кравјо млеко кое го откупуваме исклучиво од фармери во Малешевијата, една од најчистите средини во Македонија, каде овчарството и краварството, заради големиот број квалитетни пасишта, имаат голема традиција.
ТРАДИЦИОНАЛЕН РЕЦЕПТ
Технологијата за производство на сирење во Малешевијата се пренесувала од колено на колено, па во согласност со оваа традиција и МАЛЕШЕВО МИЛК е семејна фирма, во која при производството на сирење се негува знаењето на старите мајстори. Целото сирење што го произведуваме е направено на традиционален начин, од 100 проценти природно малешевско млеко, без растителни масти и други додатоци. Тоа на нашите производи им дава врвен квалитет, посебен вкус и голема препознатливост на пазарот.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Маршал Тито бр. 6/Б, 2330 Берово
Град: Берово
Држава: Macedonia
Социјални медиуми
Лице за контакт
Даниела Корчовска