Реализирани транспорти годишно
Kилометри годишно
Задоволни клиенти
Подетално за компанијата
Компанијата МАКТРЕНД претставува меѓународно активен логистички оператор со комплетна услуга. МАКТРЕНД е основана 1991 година, како семеен бизнис. Нудиме флексибилни и безбедни услуги за комплетна реализација на национални и интернационални транспорти, вклучувајќи шпедитерски услуги и складирање под царински надзор. Од превземањето на вашите стоки, до испораката на дестинацијата, ние реализираме интелигентни решенија за патен транспорт, а со нашите партнери и воздушен и поморски транспорт, со што овозможуваме логистиката совршено да одговара на потребите на клиентите.
Компанијата располага со сопствен деловен простор, шпедиција, јавен царински склад, возила за меѓународен транспорт и помали возила за локална достава, кои ги исполнуваат најновите еко стандарди. Компанијата е сертифицирана согласно ISO 9001, ISO 14001 и OHASA 18001 стандардите за квалитет.
МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ
Уште од самите свои почетоци МАКТРЕНД е лиценцирана за меѓународен и внатрешен товарен патен транспорт. Возниот парк брои повеќе од 30 возила, во чиј состав се камиони со највисоки ЕУРО 6 стандарди, како и комби и пикап возила за експресен товарен патен транспорт и достава. МАКТРЕНД располага со сопствени возила кои се опремени за транспорт на различни видови стоки: палетизирани, непалетизирани, опасни материи, АДР, збирен транспорт и комплетни утовари. Компанијата поседува ЦЕМТ дозволи што овозможува вршење на транспорт помеѓу трети земји и располага со комплетно ЦМР осигурување. Постојаната комуникација со транспортните возила е основниот сегмент во начинот на функционирање на МАКТРЕНД.
ЈАВЕН ЦАРИНСКИ СКЛАД
МАКТРЕНД располага со отворен и затворен царински склад на површина од 2000 м². Складот е комплетно опремен со рафтови со цел да се зголеми капацитетот за прием на стоки и е под 24 часовен видео надзор. ЈЦС МАКТРЕНД има решение за овластен приемач, што овозможува транспортните возила директно од граничниот премин да доаѓаат на истовар во нашиот склад, без претходно да влегуваат на увозниот царински терминал. Видови на услуги: Складирање на царински стоки до 20 дена, пакување, распакување, претовари, испорака на стоки по системот „door to door“, складирање на стоки во транзит, царинско посредување, реекспорт.
ЛОКАЛНА ДОСТАВА
Покрај меѓународниот транспорт во МАКТРЕНД нудиме и можност за локална достава на оцаринети (превоз под пломба) или не оцаринети стоки, палетизирани, не палетизирани стоки, збирен или поединечен утовар од/кон сите дестинации во државата. Компанијата располага со возен парк составен од соло возила со рампа или без, комби возила и помали возила за експресна достава на мали пратки.
ШПЕДИЦИЈА
МАКТРЕНД нуди царинско застапување при увоз, извоз и транзит. За таа цел лиценцирани шпедитери ги извршуваат следните функции:
• Увозно/извозно царинење
• Царинење на привремено увезени стоки
• Изготвување на транзитни документи
• Реекспорт
• Поедноставени царински постапки
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Борис Трајковски бр. 280 А, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia