Filters
Пребарување
КОНТИ ХИДРОПЛАСТ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е извозно ориентирана компанија за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) цевки и црева за водоводни системи, канализациски системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи, како и фитинзи за нив во соодветните димензии, кои се движат, од минималниот дијаметар од 12 мм, па се до 2000 мм

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2015
ISO 14001:2015
ISO 45001:2018

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е извозно ориентирана македонска компанија, за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки. КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е основана во 1975 година во Гевгелија, примарно како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика.

Нашата производствена програма во моментов ја сочинуваат цевки и црева за изградба на водоводни системи, канализациски системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи, како и фитингарија за нив со соодветни димензии, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12 мм, па се до 2000 мм.

konti-hidroplast-clubeconomy
konti-hidroplast-clubeconomy

По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со реализираните проекти на домашниот пазар, денес КОНТИ ХИДРОПЛАСТ е извозно ориентирана компанија, која 95% од производите ги пласира на меѓународните пазари. Покрај искуството, за пристап на меѓународите пазари придонесе и големата гама на производи и капацитети со кои сме подготвени да одговориме, со врвен и препознатлив квалитет по сите меѓународно признати стандарди.

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето на сите процеси е прилично голема. Еден од клучните фактори за одржливост покрај големата конкуренција, е константното ре-инвестирање во иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок.

Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе КОНТИ ХИДРОПЛАСТ да игра важна улога на домашниот и на странските пазари, со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти.

konti-hidroplast-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Индустриска ББ, 1480 Гевгелија
Град: Гевгелија
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа