Подетално за компанијата
Компанијата КОДИНГ 2, која на македонскиот пазар е присутна повеќе од 25 години, се занимава со продажба, изведба и монтажа на водоводни и канализациони материјали.
- Санитарна керамика (ROCA - ZOOM (Inker) - LAUFEN)
- Санитарна арматура (Jasper и MINES TEAM)
- Галантерија за бањи (KOIN)
- Поцинкуван фитинг (CIMOS и TITAN)
- ПВЦ цевки и фитинг (PESTAN)
- Материјали за довод и одвод
- Професионален алат (REMS)


ИЗГРАДБА НА ГРАДЕЖНИ ОБЈЕКТИ
КОДИНГ 2 од 2012 година започна со целосна изградба на градежни објекти и веќе успеавме да изградивме повеќе деловни, јавни и станбени објекти. Меѓу кои би ги издвоиле HOTEL RUSSIA, СЦ ЈАНЕ САНДАНСКИ, HOTEL CITY PARK, HOTEL PRINCESS, деловните објекти на МАК АУТО СТАР, ПЕКАБЕСКО и MAKKAR, како и повеќе станбени згради.
КОДИНГ 2 е компанија која со својата успешна работа и соработка со голем број странски компании успеа да опстане на овие простори повеќе од 25 години. Сите овие години успеавме да ја зацврстиме нашата позиција и да делуваме на овие простори доста ефективно и ефикасно, се со цел да им обезбедиме на нашите клиенти голем избор на водоводни и канализациони материјли. Располагаме со простор од над 4000 м2 надворешен простор и 1000 м2 внатрешен (магацински простор).


Koding Gallery
Пред десет години го отворивме нашиот ББK - Маркет, стациониран во Порта Влае, како одговор на потребите на потошувачите и барањата на пазарот. Овој објект во 2016 година е целосно реновиран и трансформиран во модерен изложбен салон, Koding Gallery и денес со право го заслужува епитетот - Место каде што може да најдете се што е потребно за вашата бања.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Шарпланинска бб, Новоселски пат, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia
