Filters
Пребарување
КАРНЕМ доо

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Месната индустрија КАРНЕМ се занимава со:

- Преработка на месо и производство на трајни, полутрајни и свежи производи од месо
- Трговија со сувомесни и свежи производи од месо

СЕРТИФИКАТИ

HACCP
ISO 9001 : 2008

Подетално за компанијата

Месна индустрија - КАРНЕМ

Месната индустрија КАРНЕМ од село Зубовце, Општина Врапчиште, се занимава со преработка на месо од 2000-та година. Располагаме со современа технологија и погон кој ги задоволува сите стандарди, а политиката за квалитет, која е според ISO 9001 : 2008 и HACCP стандардите, е усвоена од сите вработени.

Производниот процес во КАРНЕМ е поделен во пет програми:

karnem-clubeconomy

СВЕЖА ПРОГРАМА

Во свежа програма се опфатени подготовки од мелено јунешко, јунешко и свинско, говедско и пилешко месо, како и маринирани производи од пилешко, јунешко, говедско и свинско месо.

ЧАДЕНИ ДЕЛИКАТЕСИ

Програмата чадени деликатеси ги опфаќа: чадена хамбуршка сланина, чадена хамбуршка сланина без кожа, царска сланина, карнем сланина, чаден бут во црево, царски бут, чаден бут во калап, свински врат, свинска печеница, чаден свински пафлак, чадени свински коски, чадена ролована вешалица, чадено говедско, чадено пилешко филе и чаден пилешки стек.

БАРЕНИ ПРОИЗВОДИ

Во барената програма се опфатени производите во црево: пилешка шунка и пилешки гради.
 

КОЛБАСИ

Во оваа програма ги произведуваме: Баба Живка – домашен колбас, мераклиски колбас и шарски колбас со кашкавал.

ТРАЈНА ПРОГРАМА

Во програмата трајни производи произведуваме: кулен, чајна, суџук, сув свински врат, сува свинска печеница, панцета и говедска пршута.

капацитети

Месната индустрија КАРНЕМ е основана во ноември 2000 година од страна на сопружниците Златана и Михајло Михајлоски. Почетоците беа скромни, се започнало во едно мало погонче за производство на сувомесни производи. Во септември 2009-та започнавме со изградбата на новиот производствен капацитет на КАРНЕМ во село Зубовце, во чиста и еколошка средина, под падините на Шар Планина, кој во јули 2012 година почна да работи како модерен погон за преработка на месо.

karnem-clubeconomy
karnem-clubeconomy

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Политиката за квалитет на Месната индустрија КАРНЕМ доо, произлегува од стратешки зацртаната определба за производство на квалитетни производи, најисправен начин да се наметнеме како лидер на домашниот и регионалните пазари. Оваа цел КАРНЕМ ја остварува со континуирано спроведување и постојано подобрување на QMS (систем за управување со квалитет), кој е во согласност со барањата на стандардот ISO 9001 – 2008.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Стопански комплекс Зубовце бр. 1,
1230 Гостивар
Град: Гостивар
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа

Документи